Печени круши со ореви – највкусниот есенски десерт!

Потребни состојки:

2 круши

1 шака ореви

1 прстофат цимет

1 карамел прелив (по желба и по потреба)

2 топки сладолед или повеќе доколку сакате

Постапка:

Вклучете ја рерната на 180 степени додека ги приготвувате крушите.

Крушите измијте ги, поделете ги на половина и со лажичка извадете ги семките. Отсечете мал надворешен слој од крушата за да може да стои рамно на подлогата. Вдлабнатината каде имаше семки малку проширете ја и тука додадете сечкани ореви.

Секоја половина посебно завиткајте ја во алуминиумска фолија и ставете во рерна. После 25-30 минути отворете со вилкушка да проверете дали крушите се омекнати. Извадете ги од рерна и оставете околу 5 минути да изладат.

Топли (но не врели) крушите прелијте ги со карамелен прелив и сервирајте со топка сладолед.

За повеќе детали погледнете го видео рецептот:

Loading...