Home Рецепти ПЕЧЕН КАРФИОЛ ВО РЕРНА: Најдобриот рецепт кој некогаш сте го пробале

ПЕЧЕН КАРФИОЛ ВО РЕРНА: Најдобриот рецепт кој некогаш сте го пробале

Ако ја сакате похуваната храна, но онаа поздравата, тоест печената во рерна, тогаш запишете си го овој рецепт. Сите што го имаат пробано карфиолот на подготвен на овој начин – побарале рецепт! Моите деца го обожаваат…Еве што ви е потребно според рецептот на „Ари26“:

Потребни состојки: 1,5 кг цветчиња карфиол. Смеса за похување: 2 шолји брашно (шолја = 250 мл), 3 мали лажички сол, ¼ мала лажичка црн пипер (еден прстофат), 2 мали лажички црвен пипер во прав, 1 мала лажичка лук во прав, 1 лажица сув магдонос (може и свеж), 5 белки, 4 лажици вода, 3 шолји лебни трошки (презла). И уште: околу ¼ шолја масло или путер

ПОСТАПКА: Карфиолот измијте го и исечкајте го на цветчиња со величина по ваша желба. Пригответе 3 садови.

Во првиот сад ставете брашно помешано со сите наведени зачини. Во вториот сад изматете ги белките со вода (ви виљушка), а во третиот ставете ги лебните трошки.

Тепсијата обложете ја со хартија за печење и премачкајте ја со малку масло. Цветовите карфиол прво валајте ги во брашно, па во изматените белки и на крај во лебните трошки.

Редете ги во приготвената тепсија оставајќи малку простор помеѓу. Кога ќе го потрошите целиот карфиол, одозгора испрскајте го со малку масло и ставете мало парче путер врз секое поголемо парче.

Печете во загреана рерна на 210 степени околу 35 минути. После 35 минути свртете ги цветовите и печете уште 5 минути додека убаво да заруменат.

За посна варијанта: печете го карфиолот исечкан ситно, испрскајте со масло, наросете со сол и куркума, па печете 15-20 минути, па измешајте и допечете уште 5-10 минути.