Пченкарни палачинки – здрави, вкусни и заситни, одлични за појадок или вечера, а зошто да не и за ручек

Рецепт и видео прилог на Мои Домашни Рецепти: Пченкарни палачинки.

Еднаш мора да ги пробате, а потоа ќе ви станат редовни на менито. Вкусни, меки, заситни… за појадок или вечера се одлични, а зошто да не и за ручек…

Loading...

Потребни состојки:

5 јајца
сол по вкус
500 мл вода
500 мл млеко
550 г пченкарно брашно
50 мл масло
кашкавал по потреба

Постапка:

Во подлабок сад изматете 5 јајца со лажичка сол, па додадете 500 мл вода и 500 мл млеко. Матете со маталка додека да се изедначат состојките. Во течната смеса постепено додадете 550 г пченкарно брашно и матете додека убаво да се раствори, брз грутчиња, а на крај додадете 50 мл масло.

Тавата за палачинки намастете ја со путер (само првиот пат), загрејте ја и во неа излејте од смесата за палачинки. Рамномерно распоредете и печете ја палачинката по неколку минути од двете страни додека малку да заруменат.

Продолжете ја истата постапка додека да ви се потроши целото тесто, а печените палачинки редете ги една врз друга. Тркалезна тепсија обложете со хартија, па во неа редете ги палачинките, а помешу секоја наросувајте малку рендан кашкавал. Последната палачинка одозгора премачкајте ја со путер.

Вака приготвените палачинки ставете ги во загреана рерна на 200 степени да се запечат околу 10-тина минути. Деталите од постапката можете да ги погледнете во видеото:

Loading...