Многу брз колач кој се пригутвува за половина час. Покрај тоа, многу е вкусен и здрав.

Потребни состојки: 150 г шеќер, 80 г брашно, 150 г мед, 200 г суви смокви, 100 г печени лешници, 125 г бланширани бадеми, 100 г посно црно чоколадо, рендана кора од портокал, шеќер во прав за наросување. По прстофат: ѓумбир, мускатно оревче и цимет и посен маргарин

Постапка: Мал плех или калап обложете го со хартија и премачкајте со посен маргарин. Во еден сад ставете брашно, додадете ги зачините, цели лешници и бадеми, издробено ситно чоколадо, рендана кора од портокал, сечкани смокви.

Добро промешајте за да се изедначат состојките. На умерена температура загрејте го медот и додадете го шеќерот. Варете пет минути, без мешање. Добиениот карамел излејте го врз приготвената смеса, брзо промешајте додека не се стегнало.

Смесата излејте ја во калапот, израмнете со намастена лажица и ставете во загреана рерна на 150 степени, околу половина час. Печениот колач изладете го, наросете со шеќер во прав, завиткајте го во пластична фолија и изладете го во фрижидер.

Recepti.com