ПАМУК МЕКА ПОГАЧА…Многу вкусна, се топи во уста…Лесна изработка, можат и почетници да ја направат…Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

850 г брашно
25 г свеж квасец
2 јајца на собна температура
300 мл млеко
250 г цврст јогурт или кисела павлака
100 г фета сирење
2 лажици лебни трошки
100 г путер
1 лажичка сол
1 лажица шеќер

ПОСТАПКА:

1.Замесете меко тесто од наведените производи. Во подлабок сад сипете го млакото млеко, додајте 1 јајце, изронет квасец, шеќер, сол, јогуртот и 30 г растопен путер.

2.Во течната мешавина постепено додавајте го просеаното брашно и мешајте додека да стане компакно. не треба да го месите тестото. Оставете го да се удвои во волумен 40 минути.

3.По изминатото време истресете го врз набрашнета површина. Малку премесете го со шпатула за да прими брашно само колку што му треба. Тоа и натаму е доста меко.

4.Поделете го на 17 дела. Дланките натопете ги во растопен путер и обликувајте топчиња. Редете ги во тепсија намастена со путер. Покријте ги со намастена фолија и оставете ги да ферментираат 40 минути.

5.Измешајте 70 г растопен путер со 2 лажици лебни трошки и 1 јајце. Посолете и изматете со виљушка.

6.Стасаната погача посипете ја со ситно сирење и премачкјате ја со подготвената смеса од јајце и лебни трошки. Ставете да се пече во загреана рерна на 180 ° 40 минути. Постапката погледнете ја ОВДЕ.