Памук кифлички – меки како душа: тестото кисне 2 часа и потоа е целото воздушесто

Фото и рецепт: Ивана Вишниќ

Потребни состојки:

900 г брашно

1 кесичка сув квасец

2 јајца

400 мл топло млеко

180 мл масло

1 лажица шеќер

1 лажичка сол

Постапка:

Во еден сад додадете топло млеко, масло, две белки, една лажица шеќер и една кесичка сув квасец, па промешајте.

Постепено додавајте еден дел брашно и лажичка сол, па месете со додавање на остатокот од брашното.

На набрашнета работна површина измесете го тестото со додавање на брашно по потреба.

Ставете го тестото во намастен сад, поклопете со најлон и оставете да нарасне околу два часа.

На набрашнета подлога размесете го тестото и исечете го на помали парчиња – топчиња.

Секое топче развлечете го со оклагија во правоаголна форма и филувајте по желба. Со нож исечете ленти и свиткајте во кифла.

Печете ги кифлите во загреана рерна на 200 степени околу 15 минути или додека да добијат убава златна боја. Печените кифли премачкајте ги со масло.

Фото и рецепт: Ивана Вишниќ