Малку поиналво тесто кое има совршен вкус. Има доста сличности со лепињата, но со многу подобар вкус.

Направете си сендвич, намачкајте со кајмак, домашно сиренце, нешто по ваша желба или едноставно така јадете го.

Потребни состојки:

250 г брашно

1 мала лажичка прашок за печиво

1 мала лажичка сол

до 200 мл вода

2 лажици маслиново масло

Постапка:

Во еден сад ставете брашно, вода и останати состојки, па замесете тесто.

Тестото завиткајте го кеса или во проѕирна фолија, па оставете да отстои околу еден час.

Тестото поделете го на 6-7 топчиња.

На побрашнета подлога исукајте ги топчињата и печете ги во загреана и намастена тава.

Кога ќе започнат да се појавуваат мејрчиња, свртете го тестото од другата страна и печете уште малку.

Редете ги во чинија и покријте ги со крпа. Послужете ги топли.

recepti.com