Знам дека има многу рецепти за домашен сладолед, но овој е толку едноставен, па од тие причини, запишете си го, сигурна сум дека ќе ви се најде…

Потребни состојки:

200 г шлаг во прав
вода малку помалку од она што пишува на упатството
500 мл квалитетен густ јогурт
шеќер по вкус
1 ванилин шеќер или рендано чоколадо, овошје по желба

Постапка:

Изматете го шлагот со вода и шеќер по вкус (околу 150-200 г), па додадете јогурт и само промешајте без миксер.

Додадете ванилин шеќер, или поделете на два дела а вкусовите додавајте ги сами по ваш избор.

Разлијте и ставете да се стегне во замрзнувач. Промешајте повремено.

Навистина нема ништо побрзо и поедноставно, но овој сладолед е толку вкусен, без грутки, без трошки, кристалчиња…