Кашлицата најчесто се јавува како последица на вирусна или бактериска инфекција на респираторниот систем. Освен кашлица може да се јави и течење од носот, кивање, воспалено и отечено грло, висока телесна температура, главоболка и б олка во ушите.




До кашлица доаѓа кога вирусите, бактериите или некои други иританти ќе ги надразнат нер-вните завршетоци во дишните патишта помеѓу грлото и белите дробови. Со помош на кашлицата телото се обидува да се осло-боди од овие иританти и да ги прочисти дишните патишта.




Хроничната кашлица може да биде знак за сериозна болест како воспаление на бели дробови или туберколоза. Но, често може да биде само истоштувачки за болниот, бидејќи е фрекфентно и предизвикува б олка во белите дробови и општа исцрпеност.




Лековитите билки се вистинска ризница за здравјето и можат да помогнат во зајакнувањето на имунитетот, а некои од нив се користат со години за лекување на одредени болести, па во продолжение прочитајте неколку од најкорисните лекови:




Сируп за ублажување на т ешка кашлица. Потребни состојки: 2 гранчиња мајчина душичка (или две лажички сува билка), 1 стапче цејлонски цимет, 1 четвртина главица кромид ситно исечкана, 1 чешне лук ситно исечкано, 1 лута мала пиперка, засечена на неколку места, 150 мл мед, 50 мл кокосово или екстра девствено маслиново масло, 50 мл свежо исцеден сок од лимон.




Постапка: Во тава или тенџере ставете ја мајчината душичка, циметот, кромидот, лукот и лутото пиперче, па прелијте со масло и мед. Лутата пиперка ја зголемува циркулацијата и го подобрува протокот на кр-вта до воспаленото место, во овој случај грлото, со што се забрзува лекувањето.




Промешајте ја смесата и ставете ја да се загрее на пареа или на тивок оган, до пред зовривање. Тргнете го садот од оган, поклопете и оставете целосно да се излади. Потоа добро процедете, а во сирупот додајте свежо исцеден сок од лимон.




Добро промешајте и складирајте во стеризилиран сад и добро затворете. Чувајте во фрижидер каде сирупот нема да се расипе најмалку 3 седмици. Конcyмирајте три до четирипати на ден по една лажица. Прочитајте го и следниот рецепт:

РЕЦЕПТ 2 – 800 г мед, 200 мл ракија домашна и 800 г свеж несолен путер. Убаво се промешува (најпрво медот и омекнатиот путер, потоа со млаката ракија). Се конcyмира секое утро на гладно, по 2 лажици, во текот на 30 дена. Следниот рецепт е доста едноставен, но ефикасен:




РЕЦЕПТ 3. А исто така можете да си го направите и овој едноставен сируп со лимон и мед: Потребни состојки: 150 мл мед, 50 мл кокосово масло или екстра девствено маслиново масло и 50 мл свежо исцеден лимонов сок.

Постапка: Измешајте ги состојките и загрејте ја смесата на пареа или на тивок оган до пред зовривање. Промешајте и веднаш складирајте ја стаклена тегличка. Чувајте во фрижидер каде ќе се одржи без расипување најмалку три седмици. Конcyмирајте по една лажица 3-4 пати дневно, додека да се повлечат симптомите.




РЕЦЕПТ 4 – ЛУТ СИРУП ЗА УБЛАЖУВАЊЕ НА КАШЛИЦАТА. Потребни состојки: 4 лажици мед, 1 главица исечкан црвен кромид, 3 свежи корења од ѓумбир, изрендани. Постапка: Излејте го медот во сад, па додадете исечкан кромид и рендан ѓумбир.




Промешајте и оставете ја смесата да отстои преку ноќ. За тоа време медот ќе ги активира активните состојки од кромидот и ѓумбирот. Потоа можете да ја процедите смесата или да ги оставите состојките во медот, по желба. Јадете по една лажица од смесата 5-6 шати дневно. Лутиот сируп има силно дејство и брзо ќе попуштат симптомите.

НМД.мк