Овој рецепт за МИНИ ПИЦИ се пренесува од врата на врата…Запишете си го, нема да се покаете. Уште ги нарекуваат и „златни“ пици или „ѓеврек“ пици, а имаат одличен вкус. Можете да ги филувате со што имате. Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ (чаша од 200 мл, мала чаша 125 мл):

1 кесичка сув квасец (10 г)
1 лажица шеќер (20 г)
1 мала чаша млеко (125 мл)
1 чаша вода (200 мл)
1 шолја масло (100 мл)
4.5 чаши брашно (540 г)
1 лажичка сол (8 г)

За фил:
1 црвена пиперка
2 зелени пиперки
колбаси или сувомеснато по желба
200 г рендан кашкавал (чедар)

За потопување:
2 лажици меласа
1/2 мала чаша вода
1 чаша сусам или колку што е потребно

ПОСТАПКА:

1.Темелно измешајте ги квасецот, шеќерот, млекото, водата и маслото. Тестото замесете го со постепено додавање брашно и сол.

Кога ќе добиете меко, нелепливо тесто, покријте го и оставете го да ферментира додека да се удвои.

2.Пиперките ситно исечкајте ги. Измешајте го со сечканото сувомеснато и ренданиот кашкавал (половина од чедарот употребете, другата половина ќе ја ставите во пиците) во поголем сад.

3.Извадете го воздухот од ферментираното тесто и поделете го на 12 еднакви парчиња. Рачно раширете ги топчињата, врз нив ставете рендан кашкавал, спојте ги краевите и затворете. На ист начин подгответе ги сите топчиња.

4.Во еден сад ставете сусам, а во друг сад смесата од меласа и вода.

Потопете ги печивата прво во вода со меласа, а потоа во сусам и ставете ги на плех обложен со хартија за печење. Покријте ги и оставете ги да отстојат 15 минути.

5.Направете дупка со притискање на средишниот дел од печивата, да добиете облик на чамче. Распоредете фил во внатрешноста.

6.Ставете ги да се печат во загреана рерна на 180 степени додека да поруменат. Постапката погледнете ја ОВДЕ.