Овој рецепт за есенско предјадење го пробав пред 1 година кога немав многу намирници за ненајавените пријатели, многу го пофалија

Минатата година кога ми се најавија едни мили гости дека биле во близина и за неколку минути ќе дојдат да нè посетат, во брзање го подготвив овој рецепт, кој сега е споделен на каналот Гурман ТВ. Рецептот е многу убав, може да послужи како предјадење, а понекогаш го правам и како цел оброк.




Не ви требаат многу намирници за да го направите, а всушност се прави од стар леб. На некој начин потсетува на топла салата, бидејќи кога се послужува, се сече на помали парчиња. Еве кои состојки ви се потребни:




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: неколку парчиња леб, 200 г путер, 100 г шунка или некое друго сувомеснато, 8 варени јајца, 40 г брашно, 150 мл млеко, 100 пилешки булјон, 100 мл неутрална павлака, 150 г рендан чедар или некој друг кашкавал. За печење се користи огноотпорен сад со пречник од 25 см.




ПОСТАПКА: Неколку парчиња леб (приближно 6 на број) се премачкуваат обилно со 150 г путер или маргарин. Со премачканата страна одоздола се ставаат во садот за печење. Во меѓувреме се ставаат да се варат 8 јајца, додека жолчката да биде цврсто зготвена.




Врз лепчињата во садот се реди 100 г шунка или некое друго сувомеснато (убаво оди мортадела или сланина). Кога ќе се сварат јајцата, се лупат, се сечат на половина и со жолчката свртена нагоре се редат врз сувомеснатото.




50 г путер се растопува на рингла, па се додава 40 г бело брашно. На тивко, непрекинато се меша смесата додека да се добие течна и густа смеса. Постепено се додава млекото додека постојано мешате со дрвена лажица. Кога смесата ќе се згусне, додајте 100 мл пилешки булјон и фино промешајте.




Додајте 100 мл неутрална павлака и варете на најниска температура додека конзистентноста на сосот да биде многу густа. Вака подготвениот сос се излева врз лепчињата со шунка и јајца. Настрана се ренда 150 г чедар кашкавал и се реди врз сосот.




Може да користите било каков кашкавал кој го имате дома. Потоа се става на печење во претходно загреана рерна на 180 степени, околу 20 минути, сосем малку колку да фати коричка одозгора.




По печењето, се остава малку да се олади, па потоа се сече на коцки или триаголници и се послужува. Јадењето е подеднакво вкусно кога е ладно и топло. Деталите од целата постапка можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ.

Претходна статијаЕве што пие д-р Марио кога има несоница – со овие две состојки го јакне имунитетот и го чува здравјето
Следна статијаВКУСНИ ЛАДНИ КОЛАЧИ СО ЈАТКИ НАТОПЕНИ ВО ЧОКОЛАДО: Едноставно се топат во уста