Една од најкултивираните украсни растенија во светот и со векови се рози. Овие грмушки цветаат со месеци, создаваат цвеќиња кои често се големи и убаво обоени, како што се црвени, жолти, бели… Исто така, иако има многу варијанти кои немаат арома, има и други кои имаат.




Грижата и одржувањето розите е прилично едноставно, но редовно треба да ги проверувате во случај да се појават ште-тници или самото растение да стане подложно некоја болест.




Можеме да се сложиме дека ружите се навистина посебни и дека апсолутно секоја градина максимално ја разубавуваат. За да започнат ружите убаво да цветаат напролет и да ви ја разубават градината, се препорачува да се насадат доцна есен.




Секако најидеално време е да ги засадите во есен. При садењето, ружата треба да ја засадите во земја заедно со обвивката, а притоа да ја посадите што подлабоко. Доколку ја садите во есен, тогаш не треба да ја поткаструвате, туку само добро да наѓубрите и да нафрлите доволна количина земја.




Напролет само расчепкајте го хумусот и младите фиданчиња поткастрете ги и оставете само три, со должина од 15 см. Доколку зимата е силна, со многу снег или мраз, може да предизвика ште-та на ружите и тоа во голема мера. За да ги заштитите зимно време користете најлон или слама, така што ќе ги завиткате околу нив и сите нови фиданки од земјата ќе ги потсечете.




Според многумина, розите се најубавото цвеќе и најубавата декорација во градините и на балконите. Ако одлучите да го одгледувате овој цвет, важно е да знаете дека тие бараат одредена грижа. Често се случува да почнат да венеат од различни причини, но добрата вест е дека постои решение што може да ги „врати во живот“ и да ги избрка штет-ниците.




Се додека повеќе од половина од растението е здраво, постои голема шанса да го зачувате цветот. Правилната грижа, редовното одржување и малку трпение е сè што е потребно за да се врати сјајот и убавината на розите. Експертите советуваат дека во третманот и обновувањето на розите, важно е да дејствувате што е можно побрзо, штом забележите потенцијални проблеми.




Во прилог на органски додатоци за цвеќиња (природно ѓубриво), кои можете да ги најдете во сите земјоделски аптеки, домашните препарати можат да бидат подеднакво корисни за растенијата, а ние ви предлагаме рецепт во кој се колнат дури и искусни градинари.




За подготовка на природното лековито ѓубриво ќе ви бидат потребни следниве состојки: 3 литри вода, 1 кесичка прашок за печиво, 3 капки сјај за миење садови. Доволни ви се овие три состојки за да го вратите здравиот изглед на вашите билки.




ПОСТАПКА: Измешајте ги состојките во шише со прскалка, добро протресете за да се соедини сè. Потоа испрскајте ги сите рози во градината со овој раствор. Штет-ниците би требало да исчезнат по првато нанесување, но доколку е потребно, повторете ја постапката и во наредните денови.