Не ви треба никакво кулинарско искуство за овој колач, сите можат да го направат, нема грешка. Колачот е навистина за десетка и откога го имам овој рецепт веќе не трчам во продавница по благо. Ова ми е најубаво.




Неколку состојки и уште малку печење, никој не може да му одолее на овој превусен ролат кој има вкус на брауни колачињата. Сега можам да го јадам во ,,мега” верзија и без грижа на совест дека ќе ми снема. Еве што ви е потребно:




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 200 г овесни снегулки, 25 г какао, прстофат сода бикарбона, 1/2 лажиче прашок за печиво, прстофат сол, 3 средни банани (околу 240 г), 2 средни јајца, 70 мл сончогледово или некое друго масло, 1 лажичка екстракт од ванила, 80 мл јаворов сируп, 50 г чоколадо.




ПОСТАПКА: Овесните снегулки се мелат како брашно во блендер, да нема остатоци од нив. Се префрлаат во подлабок сад и потоа се додава 3,5 лажици какао, прстофат сода бикарбона, сол и прашок за печиво.




Сувите состојки се мешаат, па настрана се изгмечуваат бананите во паста и во нив се додава маслото, екстрактот од ванила и јаворовиот сируп. Доколку немате ваков сируп може да ставите мед или некој друг природен засладувач.




Исто така, екстрактот од ванила може да го замените со ванилин шеќер, во тој случај се додава во смесата од суви состојките. Течните состојки се инкорпорираат во сувите и целата смеса се меша до соединување во течна, еднолична и мазна.




Во еден огноотпорен сад со димензии 25х9 см или некој со слична големина, премачкајте со путер и истурете ја смесата. Добро измазнете и израмнете, па одозгоре наредете го чоколадото (претходно треба да го изрендате).




Колачот се пече во претходно загреана рерна на 180 степени, 45-50 минути, а потоа се сече на парчиња. Деталите од целата постапка можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ.