Фото и рецепт: Мари / Е ова е навистина нешто што не смеете да го пропуштите. Мора да го пробате и тоа е сè што ќе ви кажам. Многу сум и благодарна на тетка ми за рецептот.

Потребни состојки: 100 г суви сливи, 100 г суви кајсии, 100 г цели ореви, 100 г цели лешници, 1 голема лажица суво грозје натопено во рум, 1 голема лажица какао, 1 мала лажичка цимет, 200 г шеќер, 250 г брашно, 5 големи киселкасти јаболка (не смеат да бидат слатки) и 1 прашок за печиво

Постапка: Во еден поголем сад ставете сливи, кајсии, ореви, лешници и суво грозје претходно натопени во рум. Не треба ништо да сечете, ставете ги цели плодовите. Потоа изрендајте ги јаболката во смесата и повторно добро промешајте. Додадете брашно помешано со прашок за печиво и какао.

Мешајте со лажица или со рака, ако е потребно додадете уште малку брашно. Четириаголен калап за леб ( должина 30 см, ширина 11 см, длабочина околу 8 см) намастете го со маргарин и наросете го лебни трошки.

Смесата со лажица рамномерно распоредете ја во калапот и израмнете. Ставете да се пече во загреана рерна на 160 степени околу 1,5 час на долната решетка во рерната. Бев воодушевена од колачот штом го пробав.