На 18 годишниот Марко му го согориле туморот со игла и го излекувале. До вчера се борел против тешкa болест, а денес ja нема и може слободно да си ја планира иднината.
Станува збор за нов метод кој во Хрватска се спроведува последниве години, а се изведува со помош на радиофрекфенција. Прочитајте во продолжение на текстот.

На Марко Џаји му откриле тумор, откако долго време страдал од болки во десното рамо. Лекарите најпрво мислеле дека станува збор за истегната тетива, но набрзо потоа откриле дека тоа е тумор во коската од рамото. За среќа, туморот бил бениген.

Му била направена првата операција, но болките не престанувале, па дури се прошириле на лактот.

Тогаш лекарите откриле дека туморот не успеале да го отстранат целосно, па затоа го контактирале радиологот д-р Лук Новосел.

Тој и неговиот тим, ваквите тумори како на Марко, а кои се многу тешко достапни, ги отстранува со радиофрекефенција на Институтот за тумори во Клинички Болнички Центар “Сестре милосрднице” во Загреб.

Списокот на чекање за овој зафат е околу два или повеќе месеци.

“Откако туморот ќе се прикаже на компјутерскиот екран, во него прецизно прободуваме една или повеќе игли, низ кои поминува топлинска енергија со јачина помеѓу 50 и 100 степени, што е доволно за да се уништи туморот”, вели д-р Новосел.

“Со овој метод, вели д-р Новосел, може да се уништат тумори кои не се поголеми од 5 см и тоа оние на коските, црниот дроб, бубрезите и белите дробови, а и нивните метастази.”

Станува збор за топлинска енергија која се создава на врвот од иглата која се поставува директно во туморот.

Ваквата постапка одлично успева кај пациенти кои не се кандидати за класична операција, како што е случајот на Марко, поради локацијата на туморот.

Може да се примени и кај пациенти кај кои класичната операција би била премногу ризична.

Во светот тоа е познат метод кој одамна се применува, а во Хрватска се врши само на едно место. Освен што недостига опрема, нема и доволно остручени лица со практично искуство – наведува докторот.

После зафатот Марко веќе следниот ден можел да си оди дома. Сè поминало во најдобар ред, а сега тој не чувствува никакви болки, а на рамото нема ниту лузни од операцијата.

“Зафатот кој трае вкупно околу два часа, го правиме со општа анестезија и тоа само поради угодноста на пациентот, кој после ден-два го отпуштаме дома.

Нема нуспојави, а контрола после зафатот се препорачува за три, шест или 12 месеци.

Во случај доколку се врати туморот, може повторно да се третира со радиофрекфенцијата” – додава д-р Новосел.

Значи, ако туморот не се излекува со првиот зафат, може да се повтори повеќе пати ако е потребно. Освен тоа, позитивната страна на овој метод е што не го оштетува околното ткиво.

“Порано пиев по 2-3 силни таблети против болки, а сега ништо не ме боли”, вели Марко и додава дека од зафатот на рамото нема никакви лузни.