Проверен рецепт! Фотографија и рецепт на Нихада Мајсториќ. Здраво, овој мевлем го правам редовно, првпат го направив со маслиново масло и со билката дивизма, а овојпат со мед, прополис и алое вера, заедно со восок за да се соедини.

Мене овој мевмем ми ги спаси маките наречени хемороиди и на сите им го препорачувам. Не е скап ниту е комплициран за приготвување.

Овојпат направив двојна доза и за мои блиски луѓе зошто излезе дека на повеќемина им е потребен, а не само на мене. Еве го рецептот:

Потребни состојки: 1 лажица мед, 1 лист алое – сок(има подобро дејство, но ако не можете да најдете не мора), 25 мл прополис капки, 50 г пчелин восок и 50 мл маслиново масло

Постапка: Во емајлиран сад ставете масло, па додадете го иситнетиот восок. Ставете на тивок оган да се растопи, па тргнете на страна и повремено мешајте со дрвена лажица додека да излади.

Медот, прополисот и сокот од алое добро промешајте ги во стаклен сад. Потоа додадете ги во изладената смеса од масло и восок и сето убаво промешајте за да се изедначи.

Добиениот мевлем складирајте го во соодветен сад или во стаклена тегла и чувајте го во фрижидер.

Употреба: неколку пати на ден се мачка добро измиеното и исушено болно место. Кога хемороидите ќе се повлечат се мачка по потреба или превентивно.

Фотографија и рецепт на Нихада Мајсториќ