Овој колач беше хит на славата, сите деца го разграбаа…Малкумина знаат за овој метод, многу просто и малку состојки, но одличен вкус и ефект… Здраво на сите! Јас сум Татјана и денес правам бисквитни колачиња кои се одлични за со чај, кафе или закуска, за секој ден.

Се приготвуваат едноставно, од евтини состојки кои сите ги имате в кујна. Малкумина го знаат овој метод! Изненадете го вашето семејство! Вкусни колачиња за чај!

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

Брашно ~ 300 грама (+1 лажица)
Шеќер во прав – 130 грама
Пченкарен скроб – 100 грама
Растително масло – 100 мл
Путер – 120 грама
Јајце – 1
Ванила – 1 лажичка
Сол – 1 прстофат
Какао – 1 супена лажица

Печете на 180°C (356°F) 15-16 минути. Времето на печење и температурата зависат од карактеристиките на вашата рерна. Ова е деталната постапка за приготвување на колачињата:

ПОСТАПКА:

Во подлабок сад измешајте: мек путер – 120 грама, растително масло – 100 мл, 1 јајце, прстофат сол и лажичка ванилин шеќер.

Измешајте додека сите состојки да се соединат, а потоа додајте пченкарен скроб – 100 грама и шеќер во прав – 130 грама.

Повторно измешајте со рачна маталка додека да се изедначи смесата. Потоа додајте го брашното, но оставете малку настрана и додајте го по потреба.

Вкупно ќе ви биде потребно приближно 300 грама.

Замесете со рака додека убаво да се изедначи и да стане компактно. Тестото треба да биде меко. Поделете го на два дела:

Во едниот дел додајте 1 супена лажица брашно, измесете го, завиткајте го во кеса и оставете го во фрижидер половина час.

Во вториот дел додајте 1 супена лажица како во прав, измесете го за да стане целото кафеаво, завиткајте го во кеса и оставете го во фрижидер половина час.

По изминатото време земете го белото тесто и спуштете го врз масна хартија (за печење) и одозгора поставете друг лист или кеса.

Развлечете го во тенка кора, а потоа со калап или чаша исечете кругови. Постапката повторете ја и со кафеавото тесто.

Потоа, врз една чинија редете наизменично бел-кафеав круг, еден врз друг и на тој начин правејќи видока кула-цилиндар.

Шарениот цилиндар завиткајте го во кеса и оставете го во замрзнувач да се стегне еден час. Потоа исечете го накосо на парчиња (првото фото од насловна) со дебелина од приближно 1 см. На овој начин ќе добиете уникатни шари.

Редете ги шарените колачи во плех обложен со хартија за печење.

Печете во претходно загреана рерна на 180°C (356°F) 15-16 минути или печењето прилагодете го според вашата рерна. Колачите не треба да потемнат. Видеопрезентацијата погледнете ја ОВДЕ.