Oвој едноставен мевлем ме спаси од маката наречена ХЕМОРОИДИ, па им го препорачувам на сите

„Oвој едноставен мевлем ме спаси од маката наречена хемороиди, па им го препорачувам на сите, затоа што е проверен рецепт“, вели Нихада Мајсториќ. „Здраво, овој мевлем го правам редовно, првпат го направив со маслиново масло и со билката дивизма, а овојпат со мед, прополис и алое вера, заедно со восок за да се соедини.




Мене овој мевмем ми помогна да се ослободам од проблемот наречен – хемороиди и на сите им го препорачувам. Не е cкап ниту е комплициpaн за приготвување. Овојпат направив двојна дoза и за мои блиски луѓе, зашто при разговорите и споделеното искуство излезе дека на повеќемина им е потребен, а не само на мене. Еве го рецептот:




Потребни состојки: 1 лажица мед, 1 лист алое – сок (има подобро дејство, но ако не можете да најдете, не мора да го ставите), 25 мл прополис капки, 50 г пчелин восок и 50 мл маслиново масло




Постапка: Во емајлиран сад ставете масло, па додаjте го иситнетиот восок. Ставете на тивок оган да се растопи, па тргнете на страна и повремено мешајте со дрвена лажица додека да излади.




Медот, прополисот и сокот од алое добро промешајте ги во стаклен сад. Потоа додадете ги во изладената смеса од масло и восок и сето убаво промешајте за да се изедначи.




Добиениот мевлем складирајте го во соодветен сад или во стаклена тегла и чувајте го во фрижидер. Употреба: неколку пати на ден се мачка добро измиеното и исушено болно место. Кога хемороидите ќе се повлечат се мачка по потреба или превентивно.

Фотографија и рецепт на Нихада Мајсториќ
Претходна статијаБрз и многу здрав десерт без шеќер кој се приготвува за 5 минути од само 3 состојки
Следна статијаОвој чај е вистинско чyдо: caмо тој помогна да ја излечиме пневмонијата