Кога немате време да направите колач или торта за некоја пригода, можете да го направите овој десерт во чаша кој се подготвува за 3 минути од само 3 состојки. Многу вкусен, кремаст вкус кој не треба да се готви.




Се јаде со лажица како пудинг и се послужува во украсни чаши, како на пример за некој коктел. Покрај тоа десертот е многу здрав, во рецептот не се користи шеќер и може да го јадете додека сте на диета. Еве што е потребно:




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 200 г урда или крем сирење, 50 мл млеко, 2 банани и малку чоколадо за декорација. ПОСТАПКА: Комбинацијата од урда и банана е чисто совршенство за поттик и наплив од серотонин.




Старите порано често подготвувале десерти од урда, а потоа почнале да го готват и оризот и од него да прават сутлијаш. Сè што ви е потребно е само еден блендер, класичен или рачен. Ставете ги состојките во него, прво урдата, па млекото и на крај бананите исечкани на крукчиња.




Почнете да блендирате прво со најмала брзина, па сè така додека стигнете до најсилното миксање со блендерот. Смесата треба да стане течна, еднолична и бела, без грутчиња и други остатоци од урдата и бананата.




Вака подготвена смесата се прелива во 2 чаши за коктер и одозгора се декорира со рендано темно чоколадо. Деталите од целата постапка можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ, а во продолжение да прочитате слична варијанта на овој десерт:




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 1/4 лажица мелено мускантно оревче, цимет и ѓумбир, 40 г шеќер, 1 голема лажица нишесте/густин, 2 јајца, 150 г пире од јаболко или тиква, 330 мл течна неутрална павлака, 150 г темно чоколадо, 200 мл течна неутрална павлака со 33% мм.




ПОСТАПКА: Овој десерт за разлика од претходниот се прави плус 5 минути време. Во подлабок сад измешајте ги зачините. Додајте го шеќерот и повторно промешајте со жица/маталка. Додајте 1 голема лажица нишесте или густин и соединете.




Одвојте ги жолчките од белките. Жолчките ставете ги во смесата со суви состојки. Претходно направете пире од јаболка или тиква, во рецептот е користено пире со тиква. Додајте го и него во смесата и на крај прелијте со 300 мл неутрална павлака. Соединете ги состојките и префрлете ја смесата во тенџере.




Ставете го тенџерето на рингла за смесата да зоврие и кога ќе почне да згуснува тргнете од оган. Смесата послужете ја во истите чаши како и претходниот десерт. Темното чоколадо растопете го на пареа и прелијте го врз кремастата смеса.




На крајот само направете шлаг од 200 мл неутрална павлака која треба да ја изматите со миксер или со белките кои претходно ги одвоивте. Ако шлагот го правите со белки тогаш додајте и малку шеќер додека матите со миксер. Одозгора изрендајте чоколадо по желба. Деталите од целата постапка можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ.