Оваа пита можете често да ја приготвувате, бидејќи освен што е многу вкусна и заситна, исто така е многу здрава. Се приготвува со пченкарно брашно кое е одлично за цревата, лесно се вари и богато е со хранливи состојки. Рецепт и фотографии на Sefka Rakic.

Зељаница (Фото и рецепт: Sefka Rakic)




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 500 г спанаќ или блитва, 2 шолји пченкарно брашно, 1 шолја обично брашно, 100 г сирење, 4 јајца, 100 мл павлака, 1 шолја млеко, 1 прашок за печиво, сол по вкус, путер за премачкување. Состојките ги мерите со една иста шолја од 200-250 мл.

Зељаница (Фото и рецепт: Sefka Rakic)




ПОСТАПКА: Спанаќот измијте го убаво со ладна вода (најдобро лист по лист), а потоа кратко избланширајте го во врела вода со сол. Потопувајте го врелата вода само минута или две колку да омекне и веднаш вадете го со решеткаста лажица. Оставете го спанаќот малку да излади и процеден исечкајте го.




Во еден подлабок сад изматете ги јајцата и во нив додајте кисела павлака и млеко. Сирењето ситно издробете го и додајте го во смесата. Во друг сад измешајте ги двете брашна, додајте прашок за печиво и посолете по вкус (во зависност од тоа колку е солено сирењето).




Течната и изедначена смеса измешајте ја со сувите состојки, па промешајте добро за да се изедначи и да нема грутчиња. Добиената смеса излејте ја во намастена тепсија и печете во загреана рерна на 200 степени додека убаво да зарумени.




Пред крајот премачкајте ја одозгора со омекнат или растопен путер, па вратете ја во топлата рерна да се допече уште 5-10 минути колку да фати малку коричка. Кога малку ќе се подизлади сечете ја на коцки и послужете ја со јогурт, кисело млеко и сирење.