Она што мајката може и треба да биде за својата ќерка, содржано е во следните неколку редови. Прочитајте, текстот нема да ве остави рамнодушни. Во него ќе се препознаат сите мајки, а се однесува за сите ќерки.

Еј, запомни!

Не си сама, не си немоќна, не си дрво без корен, имаш некој свој кој е тука за тебе, кога е добро и кога е лошо. Исплачи се ако треба, плачи додека можеш, солзите се лековити, солзите ја мијат душата.

И тогаш „тој некој твој“ ќе ти каже нешто смешно, па ти ќе се смееш и ќе ги бришеш солзите истовремено. Кога ми бевте мали деца и кога нешто ве болеше, само ќе ве гушнев и ќе ја ставев раката на болното место и ви шепнував: „болката нека премине кај мама“, а вие полека се смирувавте и заспивавте.

Затоа, гушни го „тој некој твој“, споделете ја таа болка како што ја делите среќата, помалку ќе боли, побрзо ќе помине. Никогаш не си сама, кои се тие километри, кои се тие други континенти, која е таа далечината што може да ја намали силата на љубовта и блискоста меѓу нас.

Па дури и кога „тој некој твој“ е некаде горе, ти испраќа сила одозгора, го следи секој твој чекор и здив, избриши ги солзите, погледни во небото, прати му бакнеж и почувствувај како те прегрнува силно и вели: „Нека болката прејде кај мене“. Ти не си сама. Никогаш!

Мајчината љубов нѐ води низ животот и нѐ штити од сите неволји. Таа е секогаш покрај вас, дури и кога физички повеќе не е на овој свет. Никој не сака како мајката и никој не може да прости и разбере како мајка. Нејзината љубов е безусловна и не бара докази.

Љубовта на мајката кон своето дете засекогаш врзува две души и две тела. Нејзината љубов се раѓа во моментот кога во неа свети светлината на еден мал живот. Таа го сака повеќе од кој било друг на светот. За мајката, нејзиното дете е најважното нешто на светот.

Таа е способна да го жртвува својот живот, кариерата и амбициите за своето дете. Нејзината љубов е надвор од времето и просторот и за неа нема пречка. Мајката е таа која ќе го издржува своето дете во сите ситуации. Таа не очекува никаква благодарност за сѐ што прави за своето дете.

Ниту една жена не може да ја знае вистинската моќ на љубовта додека не се реализира во улогата на мајка. Само мајката знае безусловно да се грижи, заштити и сака. Мајката е најголем поддржувач и најискрен пријател. Текстот продолжува ОВДЕ.