Некој ги сака крцкави и шупливи или сочни и месести, мали или големи, пржени или печени, потемни или посветли, но дефинитивно тулумбите се една од омилените слатки во регионот и пошироко. Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ за сируп: 1 литар вода и 700 г шеќер. ЗА ТЕСТО: 400 мл вода, 150 мл растително масло, 1 чајна лажичка сол, 400 г брашно, 1 чајна лажичка прашок за печиво, 5 јајца

ПОСТАПКА: Најпрво сварете го сирупот за да има време да се олади. Во тенџере сипете 700 г шеќер и залијте го со еден литар вода. Тенџерето ставете го на оган, па од моментот на зовривање оставете го да се вари 5 минути. Потоа тргнете го настрана и оставете го да се олади.

Во друго тенџере сипете 400 мл вода, 150 мл растително масло и една чајна лажичка сол. Ставете на оган да зоврие. За тоа време во посебен сад измешајте 400 г брашно со една полна мала лажичка прашок за печиво.

Штом течноста во тенџерето зоврие, намалете ја температурата и започнете да го додавате брашното со непрекинато мешање. мешајте 2-3 минути додека се формира компактно тесто кое се одвојува од ѕидовите на садот. Тестото оставете го да се олади.

Кога тестото целосно ќе се олади на собна температура, започнете во него постепено да додавате 5 јајца, едно по едно. Матетет со миксер додека јајцето целосно да се апсорбира во тестото, па дури потоа додајте го следното.

Јајцата исто така, треба да бидат на собна температура и особено е важно да се додаваат едно по едно, а не сите одеднаш. Кога ќе го додадете и последното јајце, тестото ќе биде покремасто и погусто, мазно и компактно.

Со тестото наполнете го специјалниот шприц за истиснување тулумби. Во широко тенџере сипете растително масло со длабочина од „два прсти“, па загрејте го на умерена температура. Истиснувајте ги тулумбите во маслото и сечете ги со кујнска ножица, со големина по ваша желба.

Пржете ги од двете страни додека да заруменат, а потоа вадете ги и директно жешки редете ги во оладениот сируп. Натопете ги добро и веднаш вадете ги. Сите детали од постапката можете да ги погледнете во видеопрезентацијата ОВДЕ.