Овие мириси никако не смеете да ги игнорирате

Ако сакате вашиот дом во секој миг да биде здрав и сигурен, тогаш обратете внимание на овие три мириси кои можат да го разоткријат проблемот кој се крие во вашиот дом.

ПЛИН

Loading...

Природниот плин нема мирис. Но за да може полесно да се „детектира“, му се додава меркаптан, хемикалија поради која плинот добива карактеристичен мирис на расипани јајца.

Ако го почувствувате овој мирис, тоа значи дека постои опасност од протекување.

Ако почувствувате мирис од плин во вашиот дом:

1. Ширум отворете ги вратите и прозорите за да создадете провев.

2. Затворете го главниот вентил.

3. Не создавајте отворен пламен, т.е. не користете ќибрит, запалка, цигари итн.

4. Не ги користите електричните прекинувачи, звонче, електрични склопки и сл, не ги гасете или палите апаратите –се’ она што може да предизвика искра. Исто така не ги користите фиксните телефони и бобилните. Ако живеете во зграда и почувствувате мирис од плин во ходниците, не го користите лифтот и веднаш излезете од зградата.

5. одете кај првиот сосед или излезете на улица и од таму повикајте дежурна служба од вашиот дистрибутер на плин, или противпожарната.

МУВЛА

Овој силен и непријатен мирис упатува на проблеми во самата конструкција на вашиот дом. Ако мирисот на мувла не е проследен со визуелни траги, тоа значи дека мувлата може да се наоѓа во внатрешноста од вашите ѕидови. Меѓутоа, најчесто мувлата брзо избива на површина.

Мувлата и нејзиниот карактеристичен мирис најчесто е причина на лоша хидроизолација на домот или недостиг на хидроизолација. Темелите впиваат вода, а таа се шири по ѕидовите и избива на поврпината.

Понекогаш проблемот може да се јави во евентуална пукнатина на цевка и протекување на вода. Ако забележите мувла, побарајте стручна помош за санација на влага и точно утврдување на изворот на проблемот.

Ако мулата се појави во нова градба, обратете се со градежната фирма која била задолжена за градење, бидејќи тоа е нивна должност да го поправат тој голем недостаток.

НЕПРИЈАТЕН МИРИС ОД ОДВОДОТ

Ова е честа појава во бројни домаќинства. Прво, обидете се да го исчистите одводот бидејќи проблемот може да е во таложењето на нечистотија од која се шири непријатен мирис.

Кога просторијата во која ќе почувствувате мирис (на пр.бања) не се користи често, проблемот може да биде во водата која застојала во сифонот. Со оглед на тоа што не е проточна, потешко испарува и така се создава мирисот. Обидете се секој ден да истурате свежа вода во сифонот.

Ако ни тоа не го реши вашиот проблем, тогаш мора да се обратите до водоинсталатер кој ќе утврди дали случајно дошло до дефект во канализацискиот и водоводниот систем.

Loading...