Проверете дали можете да се пофалите со висок степен на интелигенција и логично размислување.

Колку побрзо ќе успеете да ја продолжите низата од броеви и да ја решите загатката, толку подобро!

Популарниот сајт BuzzFeed ја објави оваа загатка инспирирана од цртаниот филм “Кралот на лавовите”. Луѓето се натпреваруваат кој за пократко време ќе ја реши.

Колку вие сте брзи?

Оваа загатка за тренинг на мозокот, е класичен тип на математичка задача, во која е потребно да се воочи поврзаноста помеѓу броевите, а потоа да се продолжи низата.

Не е тешко да се дојде до решението и би требало секој да умее да ја реши, но станува збор за брзината, односно за колку време ќе се реши.

Ако сè уште не сте успеале да ја решите загатката, прочитајте го подолу решението. Наместо Симба, треба да стои бројот 52, а еве и зошто.

72,70,66

72-2=70, односно го дава следниот број во низата, а тоа е 70.

70-4=66.

Веќе ја гледате поврзаноста, дека потребни ни се растечки парни броеви.

Низата продолжува со 60,52,42. Ако одиме по истата логика, тогаш:

60-8=52, па кога од 52 ќе го одземеме следниот парен број, а тоа е 10, ќе добиеме 42. И тоа е тоа.

Напишете го во коментар одговорот и колку време ви беше потребно за да ја решите загатката.