Се вика Чен Мејфен, тајванска глумица, пејачка и ТВ водителка, а во последно време го привлекува вниманието на светските медиуми, бидејќи многумина не сфаќаат како може Чен да изгледа така добро и да не старее, со оглед на тоа што има 63 години. Изгледа како да има двојно помалку.

Имено, неодамна Чен неодамна додека ја водела емисијата на националната телевизија, ги воодушевила своите гледачи со проѕирниот бисерен фустан кој тогаш го носела, а ги и ги прекривал само “клучните” делови од телото. Инаку, фустанот чинел неверојатни 15000 фунти.

Фустанот ја открил нејзината тенка половина, а голем број од нејзините обожаватели со право се прашувале во што се состои нејзината тајна за младешки изглед.

Оваа глумица открила дека му благодари на ѓумбирот кој редовно го консумира во една посебна супа која ја пие за појадок, па го открила и овој детаљ:

“Инаку во супата додавам и парчиња ѓумбир. Мислам дека затоа имам блескава кожа. Не можам да одам во теретана, па зедов личен тренер кој ми доаѓа двапати седмично.

Знам дека морам да вежбам, па им љубоморам на сите луѓе кои одат во теретана да вежбаат од навика. Јас секогаш морам да се присилувам за да вежбам”, признала згодната баба која тежи само 52 кг и носи високи потпетици речиси секој ден.

КРЕМ ПРОТИВ СТАРЕЕЊЕ

Кремот против стареење се приготвува од морков, мед и јогурт.

Морковот е богат со бета каротен, важна состојка во борбата против стареењето, како и витамин Ц кој поттикнува производство на колаген.

Медот ја хидрира кожата и ги намалува воспаленијата, додека јогуртот успешно ги отстранува мртвите клетки од површината на кожата, давајќи и чист, свеж и обновен изглед.

Потребни состојки:

1 супена лажица рендан морков
1 супена лажица јогурт
1 супена лажица мед

Постапка:

Излупете го морковот со ноже за лупење компири. Потоа изрендајте го на најситното ренде. Ренданиот морков ставете го во еден сад, додадете лажица јогурт и лажица мед, па промешајте добро за да се соединат состојките. Морковот ќе го ослободи сокот и смесата може да стане малку потечна.

Употреба:

За најдобри резултати, маската нанесете ја чисто лице и врат, оставете да делува 15-20 минути, а потоа исплакнете со вода.

Смесата можете да ја нанесувате со шпатула или со памук и одозгора да ја фиксирате со тенок слој на газа. Доколку сакате да ви биде погуста, во смесата додадете и една лажица пченкарно брашно, па нанесете во подебел слој.

Се користи 2-3 пати седмично.