Оваа супа од зеленчук ја правам секој ден и ги топам килограмите…Здраво и многу вкусно…

Под пишаниот рецепт за супата од компир можете да ја погледнете и видеопрезентацијата во која се содржат вкуспно 3 рецепти за одлични здрави супи кои го поттикнуваат губењето на вишкот килограми. Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

2 компири
2 долги стапчиња целер (или половина корен сосе листовите)
2 главици кромид
2 моркови
1 голема пиперка
2 чешниња лук
зачини: сол, црн пипер, сув магдонос, нане, мајчина душичка…

ПОСТАПКА:

1.Компирите исечете ги на коцки и варете ги 15 минути. Целерот ситно исечкјате го и издинстајте го на тивок оган на малку маслиново масло.

Ако користите корен од целер, тогаш изрендајте го и сварете го.

2.Во динстаниот целер додајте го ситно сечканиот кромид, а после неколку минути и ситно сечканиот морков. Додајте ја сечканата пиперка и лукче, па зачинете по вкус. Динстајте 10-тина минути.

3.Испасирајте дел од варениот компир во водата во која се варел (дел нека остане во коцки), па додајте го динстаниот зеленчук и промешајте.

4.Продолжете со варење на тивок оган уште приближно 10-тина минути. Додајте ситно сечкан магдонс и послужете. Постапката погледнете ја ОВДЕ.