Веганството станува се попопуларно во светот, а се чини дека некако е повеќе застапено кај мажите.

Верувале или не, изгледа дека тоа што мажите ќе одлучат да бидат вегани има врска со „кризата на средовечни години“ чиј е јасен показател.

Истражувањето покажало дека тоа е знак за криза на средовечни години кај мажот после 40. или 50. година од животот. Во истражувањето учествувале 3000 мажи и било откриено дека дури 47% од нив започнуваат повеќе да се грижат за своето здравје, а поради тоа најчесто се пресвртувале кон веганството. Жените ова чувство го добиваат многу порано од нив.

Тоа што се постари влијае врз нивната одлука почесто да одат на преглед и да го променат начинот на исхрана, а 53% од нив ја намалуваат консумацијата на алкохол или целосно престануваат да го консумираат. Шест проценти од нив започнуваат да одат во теретана, стануваат фит и си наоѓаат помлади партнерки.

Луѓето обично сериозно започнуваат да се грижат за своето здравје после 30.година од животот, но мажите повеќе ги менуваат своите животни навики после 40.години.

Жените се одлучуваат за одење во теретана или најмуваат личен тренер после одреден роденден кои сами себеси си го зацртале, а 67% од нив започнуваат посебен план на исхрана.