Потребни состојки:

500 г готови кори

650 свежо сирење +-

1 јајце

4 лажици кисела павлака

Сол по вкус+

За премачкување:

1 јајце

4 лажици масло

4 лажици јогурт

Малку сол

Постапка:

Соединете го сирењето, зиматеното јајце и киселата павлака, па посолете, по вкус. Посебно изматете ги состојките за премачкување на корите. На работна површина ставете ги корите за питата и пресечете ги на средината.

Еден лист премачкајте со смесата за премачкивање со четка, па поклопете со друга кора. Ма едниот крај ставете 2 лажици фил. Преклопете од страна, така да не може филот да излезе од страните, па свиткајте во ролат.

На ист начин пригответе ги и останатите кори. Ролатите редете ги во намастен плех. Премачкајте ги одозгора со малку масло.

Печете во загреана рерна на 200 степени, додека да заруменат. Печените оставете ги кратко прекриени. Послужете ги топли со кисела павлака, јогурт, салата.