Кременадли од рерна: многу меки и сочни, во убав сос, се приготвуваат многу едноставно и брзо..

Потребни состојки:

5 поголеми кременадли (околу 1 кг)

1 главица кромид

5 чешниња лук

1 говедска коцка за супа

500 мл врела вода

100 мл бело вино

Од зачини сол, црн пипер, ловоров лист

Масло, прашно за панирање

Постапка:

Од кременадлите отстранете ја коската (или замолете го месарот тоа веднаш да го направи при купување), истенчете ги со чекан за чукање месо, посолете и ставете црн пипер по вкус.

Потоа валкајте ги во брашно (јас ставам грахам или интегрално брашно за да бидат потемни) и запржете ги во загреано масло колку да добијат убава румена боја. Потоа наредете ги во намастен огноотпорен сад. Одозгора малку наросете со масло, а преку кременадлите ставете неколку ловорови ливчиња.

Во истото масло на јое ги пржевте кременадлите пропржете го кромидот исечкан на ленти, па додадете ситно сечкан лук и 3-4 лажици брашно. Во половина литар врела вода разматете ситно издробена коцка за супа и со тоа прелијте го пропржениот кромид со брашно, па уште малку мешајте за да се згусне и малку посолете.

Прелијте ги кременадлите со сосот, целосно да бидат прекриени, бидејќи делумно ќе испари а делумно ќе го впијат кременадлите. Додадете и малку вино (малку наросете ги одозгора).

Поклопете го садот или покријте го со алуминиумска фолија и печете во рерна околу 45 минути на 180 степени, потоа тргнете го капакот/фолијата и печете уште 10 минути да се запече.

Во преливот можете да додадете и лажичка цврне пипер, благ или лут.

Со кременадлите може да се сервира компир пире, тестенини, ориз… и секако салата по избор.

Loading...