Оваа девојка секоја вечер става половина лимон во чорапите. Кога ќе сфатите зошто – и вие ќе го направите истото

Можеби ви изгледа глупаво, но кога ќе видите зошто ставила кора од лимон на петата и вие истото ќе го направите.

За почеток, одберете лимон кој е доволно голем за да може да ви ја прекрие петата, па да го исцедите. Од добиениот сок направете си лимонада, а за средување на петите ќе ви биде потребна кората.

Потрудете се да го исцедите сокот, но внатрешноста нека остане влажна заедно со пулпата.

Половината лимон ставете го на пета, целосно да биде прекриена. Во почетокот ќе ви биде чудно чувството, но набрзо ќе се навикнете.

Кога со кората од лимонот ќе ги прекриете најгрубите делови, облечете чорапи и фиксирајте добро за да не се изместува. Лимоновиот сок ќе делува како хемиски пилинг и ќе ја отстрани сувата, испукана кожа.

 

Потребно е да го оставите лимонот да отстои најмалку еден час, а оптимално би било да остане преку ноќта. Навечер е најлесно бидејќи одењето со половинки лимон на петите е доста комплицирано.

Можеби ова ви звучи како уште еден трик кој не служи за ништо, но резултатите се навистина изненадувачки.

Петите после само една ноќ стануваат многу помеки а сите испукани делови исчезнуваат, па откако ќе нанесете крем, изгледаат како да сте биле на педикир.

За малку поупорните случаи, потребно е да се повтори третманот неколку пати. А кога не ставате лимон на нозете, слободно можете да ставите кромид.

Претходна статијаЗА СИТЕ кои сакаат брзо да ослабат – феноменален рецепт
Следна статијаЗА ПОДОБАР СЕКС: Кегелови вежби – ќе бидете благодарни што сте се запознале со овие фантастични вежби