Направете одлични мекици за кратко време, без квасец, со состојки кои веќе ги имате дома. Досега имаме претставено огромен број за пржени печива, со или без квасец, а сега испробајте го најновиот кој заслужено беше прогласен за еден од најдобрите. Еве што ви е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 350 г сенаменско брашно, 1 кесичка прашок за печиво (10 г), 1 мала лажичка сода бикарбона (потребна е за да даде дополнителна мекост на печивата), 225 мл ладно млеко, 2 рамни мали лажички сол или по вкус (6 г), 12 мл масло за готвење и плус масло за пржење
ПОСТАПКА: Во подлабок сад ставете го брашното, па додајте прашок за печиво, сода бикарбона и сол. Убаво промешајте за рамномерно да се распоредат сите состојки. Потоа со лажицата направете вдлабнување во средината.
Започнете постепено да го додавате млекото додека непрекинато мешате со лажица или шпатула. Можеби ќе ви се чини дека брашното е суво и дека е потребно уште малку млеко, но продолжете со мешање додека да почне да станува компактно.
Некаде на средина од мешањето додајте го маслото и продолжете го месењето со рака. Ќе забележите дека тестото брзо ќе стане компактно, па дури ќе биде и малку лепливо за рака. Покријте го со крпа и оставете го на собна температура да отстои половина час.
Тестото иако не содржи квасец, потребно е да одмори за стане еластично, а потоа со него многу полесно се работи. По изминатото време намастете ги малку рацете и истресете го тестото врз работна површина. Потребно е тестото кратко да се изработи со „диплење“ како што обично се прави за да се добие лиснато тесто.
Ро рацете истапкајте го колку можете за да го развлечете во една дебела кора, а потоа здиплете го од двете страни да добиете форма на правоаголник, и продолжете да го развлекувате со рацете наместени во „тупаници“. Потоа здиплете го уште еднаш, за да добиете квадар.
Изроловајте го и завиткајте го во проѕирна-стреч фолија. Покријте го и оставете го да отстои на собна температура 4-5 часа, или пак, оставете го во фрижидер и искористете го следниот ден. И на двата начини резултатите се фантаcтични.
По изминатото време извадете го тестото врз малку набрашнета работна површина, па внимателно издолжете го, да добиете долгнавеста, широка лента со дебелина од 0,5 см. Исечете ја на лентички со широчина од 2,5-3 см. Натопете во ладна вода едно стапче за ражнич, па поминете надолжно низ средината на секоја лентичка.
Потоа ставете една врз друга две лентички (свртени со обележаната страна едно кон друго), па притиснете ги со стапчето во средината. Тие ќе се залепат, па опфатете ги двата краја и уште малку издолжете ги.
Ставете ги да се пржат во длабоко масло загреано на умерена температура (180-195 степени). Имајте во предвид дека вака приготвените мекици ќе ја зголемат величината и до 4 пати. Деталите од целата постапка погледнете ги ОВДЕ.