Крофните се меки како душа, вкусни, миризливи. Можете да ги полните со крем или џем, а можете и само да ги наросите со шеќер во прав.

Потребни состојки:

3 жолчки

500 мл топло млеко

1,5 лажица шеќер

1 лажица рум

1 ванилин шеќер

150 г путер / маргарин

750 г брашно

Малку кора од лимон

25 г свеж квасец

Масло за пржење

Постапка:

Во помал сад растопете го квасецот со малку млеко, додадете лажичка шеќер и оставете на топло да се активира. Во садот за месење ставете просеано брашно, шеќер, рендана кора од лимон. Растопете го путерот, изладете па додадете ги жолчките, активираниот квасец, румот и остатокот од млекото, па сето убаво замесете го.

Тестото треба убаво да се замесе да не биде лепливо а да биде меко и еластично. Готовото тесто оставете го на топло место за да го удвои својот волумен.

Потоа тестото префрлете го на набрашнета работна површина и полека со оклагија развлечете кора со дебелина од 1,5 см.

Трик за прстен на крофните: модлата со сока се сечат крофните се натопува во мешавина од вода и масло: 50 мл вода и 1 супена лажица масло. Пред да се пресече секоја крофна модлата се натопува во оваа мешавина.

Пресечените крофни се редат на чаршав кој претходно малку сте го наросиле со брашно. Крофните се покриваат со крпа и се оставаат да нараснат 15-тина минути.

На оган загрејте околу половина литар масло и на умерена температура пржете ги крофните, така што ќе ги спуштате во маслото од онаа страна која ви била нагоре.

Готовите крофни редете ги врз хартиена салветка за да се исцедат.