Лековита маст од ЧУВАР КУЌА за секакви рани и болести на кожата, хемороиди, херпес зостер

loading...

Фото и рецепт: Мери Божиковиќ

Потребни состојки:

1 шака листови сомелете ги во блендер и процедете ги.

2 лажици домашна свинска маст растопете, па во тоа додадете го сокот, мешајте со дрвена лажица додека не се соединат. Складирајте во стаклен или керамички сад и се чува во фрижидер.

loading...

Оваа маст ја користам за модринки, за рани, за убоди од инсекти итн.

КЛАСИЧЕН РЕЦЕПТ  ЗА МАСТ ОД ЧУВАР КУЌА

Во 300 г топла, течна свинска маст ставете еден грст свежи иситнете листови и оставете преку ноќ. Наутро смесата повторно загрејте ја, процедете и излејте во соодветни садови.

Маста помага кај повреди, модринки, нагмечување, убоди од инсекти, фистули и гнојни рани кои долго не зараснуваат.

КАКО ДЕЛУВА ЧУВАР КУЌАТА?

Во лековити цели се користат свежите листови. Свежо исцеден сок или здробени листови се ставаат како облози при убод од инсект (оса, пчела, комарец), изгореници, испукана и оштетена кожа, херпес зостер, хемороиди.

Сокот ги ублажува тегобите ако се става на места каде има грчеви на нозете или на болни места од гихт. При ослабен слух предизвикан од закоравена ушна кал, се накапуваат неколку капки свеж сок од чувар куќа во увото, бидејќи ја растопува калта. При калуси, жуљеви и задебелено месо на стапалата, брадавици и сончеви пеги како и депигментација од сонце, се мачка со свеж сок од чувар куќа.

Современите истражувања се насочени на полисахаридите од сокот на чувар куќата, бидејќи им се препишува позитивно дејство врз имунитетот и кај лекувањето на канцерогените болести.

Експертите препорачуваат свеж сок со мед при срцеви заболувања. Чај од свежи листови се користи како облога исто како и сокот – надворешно, а внатрешно се пие при хемороиди, глисти, менструални тегоби, песок во мочниот меур. Го освежува организмот, има диуретско дејство и делува противвоспалително.

ТИНКТУРА ОД ЧУВАР КУЌА

Свежи листови издробете и потопете ги во иста количина со 70% алкохол или добра домашна ракија. Трипати дневно се консумираат 15-20 капки во половина чаша вода за чиреви или после операција на желудник.

ЛЕКОВИТ ЧАЈ

Пригответе 2 мали кесички иситнет лист од чуват куќа и прелијте ги со 200 мл врела вода. Нека отстојат 2 часа. Процедете и пијте во доза од половина шолја 3-4 пати дневно пред оброк.

Овој чај помага во случај на дијареа, силна менструација, воспаление на уво и крвава дизентерија. Исто така, чајот е добар за засилено излачување на урината од организмот.

ЛЕК ЗА ХЕМОРОИДИ

Потребни состојки:

300 г иситнети листови чувар куќа

750 г домашен ливадски мед

1 лимон

Постапка:

Лимонот добро измијте го и оставете го малку во раствор од сода бикарбона, околу еден час. Потоа измијте го и тенко исечете го, па помешајте го со листовите чувар куќа, сето добро сомелете и процедете низ газа. Во добиениот сок додадете мед и добро промешајте со дрвена лажица.

Смесата се чува во фрижидер. Лекот се консумира наутро на празен стомак по една лажичка. Се користи 1,5 месец (45 дена).

loading...