Исповед на жена која со полно срце ја очекувала менопаузата. За жал, кога годините наближуваат до менопаузата, жените најчесто се чуствуваат помалку вредни, и како да ја губат женственоста. Следната порака ќе ви го смени мислењето за 180 степени, а жените кои влегле во менопауза велат дека ова е најдобриот дел од нивниот живот.




„Уште како дете кога го добив месечниот циклус, постојано мислев на менопаузата. Со нетрпение ја очекував таа златна доба без тампони и влошки. Целосна слобода. Ги прашав докторите кога ќе дојде за мене тој прекрасен период наречен менопауза, и тие ми рекоа во истите години кога влегле баба ти и мајка ти.




Бидејќи мајка ми имаше хистеректомија во четириесеттите години, а баба ми влегла во менопауза во педесеттите години, тогаш се надевав дека ќе се збогувам со менструацијата на 47 години.




За жал, моето тело не функционираше како што посакував јас. Кога наполнив 48 години, речиси сите мои пријатели, дури и помладите, преминаа во менопауза. Тие веќе не мораа да се грижат за пропратните проблеми секој месец, додека јас сè уште бев уморна да ги бројам деновите, водејќи евиденција за мојот менструален циклус.




Дали сте знаеле дека многу жени во менопауза минуваат низ период наречен ПЕРИМЕНОПАУЗА (кој може да трае и до 7 години)? Јас неодамна дознав за тој период. Тоа е период кога навистина не знаете што му треба на вашето тело и што очекува од вас.




Вашето тело станува каприциозно, како времето. Во пременопауза, постојат различни знаци дека доаѓа менструацијата, како што се благи грчеви што ги чувствувате две седмици пред да го добиете месечниот циклус.




Сепак, знаците што вашето тело ги испраќа за време на пременопаузата понекогаш немаат никакво значење. Во тој период, се случува менструацијата да се одложи за два месеци, и токму кога сум среќна што дошла менопаузата, менструацијата ќе се врати во полна сила.




Кога го прославив педесеттиот роденден, се уште имав менструација, но и страшна мигрена и топли бранови. Му замерив на мојот сопруг што ги немаше истите симптоми како мене, колку и да звучи нелогично.




Цела ноќ се превртував на креветот, го отворав прозорецот среде зима, а потоа во топлите ноќи ги земав најтоплите ќебиња за да се стоплам бидејќи ми беше студено.

Кога наполнив 51 година и го испратив моето најмладо дете на факултет, се надевав дека моето тело ќе препознае дека сум влегла во нова фаза од животот. Се надевав дека телото ќе забележи дека не ми требаат повеќе репродуктивните орга-ни, па ќе ми испратат менопауза, но залудно се радував. Моето тело не ме слушаше.




Кога го прославив 52-от роденден, отидов на гинеколог на годишен преглед и кога еден човек ме праша кога ми бил последниот циклус, се срамев да му кажам „пред две седмици“. Но, тој ме погледна и рече: “Имаш среќа!”

Среќа? Не се чувствував многу среќно. Докторот ми рече да бидам среќна, бидејќи ако се уште добивам менструација, тоа значи дека нивото на естроген не ми опаднало, па веројатно срцето ми е поздраво, полесно можам да ја контролирам тежината, како и стареењето.




На 53-годишна возраст забележав дека немам менструација три месеци. Потоа беа 4 месеци без менструација, потоа пет, па шест месеци. Купив шише шампањ за да го прославам тоа, но следното утро добив менструација.

Телото си играше малку со мене, но на 55-годишна возраст сфатив дека поминале 8 месеци без менструација. Чекав и чекав уште неколку месеци за да бидам апсолутно сигурна дека е готово.

Отидов на гинеколог и кога ме праша кога последен пат имав менструација, му реков триумфално на докторот „пред година и пол“! Конечно бев слободна! Менопаузата не е само еден од животните настани, туку е повторно раѓање.

Колку и да сум благодарна за децата што ги родив, сфатив дека нивните потреби се секогаш пред моите. Но, додека јас се преобразував во друга животна фаза, тие станаа независни и се запознав себе си.

Денес имам повеќе енергија, попаметна сум и помудра и знам што сакам и имам време да направам се за себе. Педесетгодишна жена денес не е стара жена. На многу начини, животот само што започнува за неа.

Мојата порака е жените кои влегле во менопауза во четириесеттите или педесеттите години да разберат една работа.

,,Вие не сте стари, менопаузата не значи крај за вас, ве очекуваат многу поубави години. Наместо влошки и тампони, можете да спакувате уште еден дополнителен костим за капење за патување.”