Веројатно забележавте дека ова лето има денови кога многу е топло, а тоа го загрозува нашето здравје. Се јавуваат големи температурни разлики, еден ден има жега, тешко се дише, следниот истура пороен дожд, а телото нема време да се адаптира на овие нагли промени. Но сепак….

Додека времето е вакво каков што е кај нас, во Америка сонцето цело време печело, што еден извесен Адам го довело во искушение да се напие ледено студена вода додека бил изложен на сонце. Ова момче треба да ни служи како предупредување за сите кои на овие пеколни горештени сакаат да пијат ладени пијалаци.

Адам Шауб од Хјустон, Тексас, изјавил дека работел со својот татко на врели 37 степени кога неговото лице почнало да добива розова боја. Татко му му рекол да одмори малку, па Адам зграбил шише со ладна вода и ја испил. Откако се вратил на работа, влегол во својот камион за да се разлади на клима уредот и испил уште едно шише ладна вода. Речиси веднаш после тоа започнал да се чувствува „чудно“.

-Ми се јавија дамки пред очи, ми беше мачно, а рацете и стапалата почнаа да ми трпнат. Се сеќавам дека ја отворив вратата од камионот и следната работа за која знам е дека лежев на земја, а татко ми ме врти и ми ја брише потта од лицето. Ми рече дека сум бил неколку минути без свест – вели Адам.

Итната помош стигнала веднаш, а на Адам му рекле дека изгледа како да примил удар од Мајк Тајсон. Адам им раскажал што направил пред да се онесвести. Она што тој не го знаел е дека кога телото е премногу загреано, поради нагло разладување може да падне во шок.

Д-р сара Џарвис вели дека ова е екстремен случај. Ако пиете нешто многу ладно, а брзо, го стимулирате вашиот организам со што го правите подложен на шок. Тоа предизвикува брза контракција, а потоа проширување на малите крвни садови.

-Мозокот ги прекинува пораките од нервите кои доаѓаат од челото, бидејќи истиот тој нерв го снабдува мозокот со крв и кислород. Обично можете да почувствувате ненадејна болка, но можете да почувтвувате и блага главоболка. Сите симптоми упатуваат на тоа дека ќе се онесвестите, а тоа е последица на недостиг на крв во мозокот – вели д-р Сара Џарвис.

Без разлика на причината, никако не се препорачува на многу големи жештини да пиете ледени пијалаци во големи количини. Адам додава дека болничарот му објаснил дека ладната вода е во ред, но само по неколку голтки, за организмот да може да се прилагоди. Водата е дефинитивно многу важна, но внимавајте со нејзиниот внес.