Ова мора да го направите: мека како пена, пројата со млад кромид и сирење ме воодушеви

Кога ќе ја пробате, сигурно исто како мене, ќе си речете: „Е ова е проја над проите!“ Мека е како пена, а колку е вкусна, не можам да ви опишам…Топло ви ја препорачувам. Не е воопшто тешка за приготвување, само матите, мешате, излевате и печете…

Потребни состојки: 2 јајца, 1 шолја пченкарно брашно, 1 шолја обично, бело брашно, 1 шолја ситно сирење, 1 шолја јогурт, половина шолја масло, 1 шолја сечкан млад кромид (тоа се приближно 3-4 малди кромитчиња со долги зелени перца), 1 лажичка сол, половина кесичка прашок за печиво (5 г)

изматете ги двете јајца
додајте чаша јогурт..
…половина чаша масло и посолете

Постапка: најпрво да ви кажам дека сите состојки се мерат со една иста шолја или чаша за вода од 200 мл. Во подлабок сад изматете ги двете јајца со миксер додека да згуснат и да станат пенасти. Потоа во нив додајте го јогуртот и маслото, па посолете со една лажичка сол.

потоа додајте чаша пченкарно брашно
…чаша обично бело брашно
изматете со миксер

Потоа додајте ги двата вида брашно, па мешањето продолжете го со миксер за да нема грутчиња. На крај додајте ситно сечкан кромид, издробено сирење со виљушка и половина кесичка прашок за печиво. Добро промешајте за да се изедначат состојките.

додајте сирење
издробете го со виљука
додајте прашок за печиво (5 г)

Смесата излејте ја во претходно намастен и со малку брашно наросен плех со димензии 20х20 см или помал калап со слични домензии. Израмнете, одозгора наросете малку сирење и сечкан кромид, и ставете да се пече во претходно загреана рерна на 200 степени околу 35-40 минути во зависност од тоа колку сакате да ви биде запечена питата.

младото кромитче ситно исечкајте го
ќе ви биде потребно околу 4 млади кромитчиња
додајте го во смесата
промешајте
смесата излејте ја во плех 20х20 см
израмнете
наросете малку сирење одозгора и сечкан кромид, па ставете да се пече во рерна на 200 степени, 34-40 минути

Јас ја сакам да ми биде порумена и попечена, па затоа ја печам до крај. Многу е убава питата, мека и вкусна дури и после два дена. Можете да ја послужите како лесен ручек или за појадок/вечера со чаша јогурт. Деталите од целата постапка можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ.

сечете ја и послужете ја топла
мека е како душа
уживајте во вкусот

II РЕЦЕПТ Многу вкусна проја – брза и едноставна постапка, мерки на чаша, запишете си го овој рецепт. Фотографија и рецепт на Маја Остојиќ – Проја.

Многу лесно се приготвува и едноставно, не валкате многу садови. Многу вкусна проја, одлична за појадок или вечера, а може да се послужи и како предјадење, па дури и како главно јадење со убаво кисело млеко или чаша јогурт.

Потребни состојки: 6 јајца, 2 чаши кисело млеко, 2 чаши обично млеко, 2 чаши палента, 2 чаши брашно, 1 чаша масло, 2 кесички прашок за печиво, 2 рамни лажички сол. Уште ќе ви биде потребно 600 г сирење.

Постапка: со миксер изматете 6 јајца додека да станат пенасти, додајте 2 чаши кисело млеко и изматете на помала брзина.

Потоа додајте 2 чаши обично млеко, 2 чаши палента, 2 чаши брашно, 1 чаша масло, 2 кесички прашок за печиво и 2 рамни лажички сол (или по вкус, што зависи колку е солено сирењето).

Измешајте убаво за да се соединат сите состојки, а потоа со рака издробете 600 г постаро сирење. Додајте го во претходната смеса и со лажица промешајте.

Тепсија или плех намастете ја и наросете ја со брашно (мојата тепсија беше со пречник 30 см). Потоа излејте ја пројата и печете ја 10 минути во загреана рерна на 220 степени и уште 30 минути на 180 степени. / Фотографија и рецепт на Маја Остојиќ

Loading...