Британецот Конор Рид (25), наставник по англиски јазик од Велс, се заразил од смртоносниот коронавирус во Вухан, пред речиси два месеци.

Меѓутоа, како што тој тврди на социјалните мрежи, успеал да се излекува со помош на некој стар рецепт за варено виски со мед.

Рид, кој живее во Кина последните три години, а во Вухан последните шест месеци, ги добил симптомите од новиот коранавирус пред приближно два месеци.

Во болницата бил примен со отежнато дишење и силна кашлица.

“Користев инхалатор кој ми ја ублажуваше кашлицата и пиев варено виски со мед, се додека го имав. Тоа е стар лек, но изгледа добро си ја заврши работата.

Не сакав да ги пијам антибиотиците кои ми ги препишаа лекарите, зошто не сакам да ги користам нивните фармацевтски средства”, објаснил тој за британските медиуми.

Две седмици откако бил отпуштен од болница, дознал дека е заразен со коронавирус. Тој додава дека британското министерство каде се обратил за помош, биле “незаинтересирани” кога им сооптил за инфекцијата.

“Упорно ме прашуваа дали сакам да добијам место во авионот за да ја напуштам земјата, а јас им одговарав дека не сакам, дека тука ќе останам. Јас сум жив доказ дека коронавирусот може да се победи”, додал тој.

Рид вели дека дека шефот му одобрил повторно да тргне на работа за две седмици, но тој сè уште не бил сигурен.

Вели дека Вухан опустошил, дека супермаркетите се празни и веќе нема намирници, а во аптеките нема лекови и маски.