Koментар од читателка која го пробала рецептот: „Ги мешаш јагодите (со рачен миксер или во блендер) и овошниот сос го ставаш како прелив.. Јас додадов чоколадо и поубаво ми е.. после лесно е да се премести тортата во десертна чинија, бидејќи се стврднува и убаво се сече..

Во рецептот е заборавено да се напише дека преку калапот се става пек-хартија или проѕирна фолија за лесно да се извади, се надевам помогнав некому со ова.” Еве кои состојки ви се потребни за да ја подготвите тортата:




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 1 литар слатка павлака (засладена, ако не додајте неколку лажици шеќер во прав по вкус), 300 г истостирани/печени и излупени лешници, 200-250 г целувки/пуслици, 1 пакување јагоди или друго бобесто овошје по вкус (300-500 г), малку ликер од јагоди или цреши.




ПОСТАПКА: Изматете ја павлаката со миксер додека да стане пенаста и потоа додајте ги мелените лешници, 2/3 од целата количина мелени целувки/пуслуци и ликерот. Во тавата за торта се рони малку од целувките на дното, се става смесата од павлака, се рони одозгора остатокот од целувките и јагодите, (претходно малку сварени како сируп и изладени, со густина по желба).




Оваа торта најубава е да се комбинира со пудинг од ванила, бидејќи некако „природно си одговараат ванилата со вкусот бобинките. Па така, можете да го испробате и следниот рецепт кој можеби уште повеќе ви се допадне од претходниот. Еве што ќе ви биде потребно:




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 5 белки, 200 г шеќер, прстофат сол, 1 лажица нишесте (густин, а ако немате може да се стави и брашно), 1 лажица лимонов сок. ЗА КРЕМ: 5 жолчки, 6 лажици шеќер, 1 лажица ванилин екстракт, 250 мл неутрална павлака, 1 пудинг од ванила и млеко и шеќер колку што се потребни да се направи пудингот, како и 1 пакување замрзнато црвено овошје (300-500 г).




ПОСТАПКА: Белките се матат во цврст снег околу 10-15 минути додека да станат пенасти. Постепено за време на матењето се додава 200 г шеќер и се мати со најголема брзина додека шеќерот да се растопи во белките.




Додајте прстофат сол, 1 лажица нишесте (густин) и 1 лажица исцеден лимонов сок. Потоа се преминува на мешање со дрвена лажица или шпатула и смесата се измазнува, па се прелива во кружен калап со флексибилен обрач, обложен со хартија за печење.




Смесата се излева така што краевите треба да бидат повисоки од дното за да се формира вдлабнатина во која ќе се излее филот од жолчки. Печете во претходно загреана рерна на 130 степени, околу 90 минути без отворање на вратата од рерната за целувката да не „спласне“.




По печењето, пандишпанот треба добро да се олади, најдобро е да се остави преку цела ноќ во рерна. ПОДГОТОВКА НА КРЕМОТ: жолчките се матат со шеќерот, па кремот се вари на пареа. На крајот се додава ванилин екстракт, па се остава да излади.




Потоа пудингот се подготвува на класичен начин, по упатството на кесичката, со шеќер и млеко. На крајот можете и да го запржите замрзнатото овошје да се направи како сируп.

РЕДЕЊЕ: врз целувката/пуслицата се прелива кремот од жолчки, па одозгора се става пудингот и на крајот се декорира со запрженото шумско овошје. Тортата е многу вкусна, идеална за летните денови.