Направете си природен препарат кој може да ви помогне кај болки во грбот и зглобовите. Овој природен лек може да ги одржува зглобовите во добра состојба, да ги намали болките и истовремено да отстрани или ублажи бројни тегоби кои со кои се проследени овие состојби.

Маслото се приготвува со драгоцената и исклучително лековитата намирница- лукот. Здравствените придобивки од лук масло вклучуваат: лекување на акни, зајакнување на имунитетот, ублажување на забоболка, спречување на алопеција (паѓање на косата), лекување на првут, против разни инфекции и лекување на метаболички нарушувања.

Други придобивки вклучуваат олеснување на главоболките, контролирање на дијабетесот, поддршка на респираторното здравје, спречување на дебелеење односно таложење на масни наслаги, подобрување на варењето, третирање на инфекции на ушите и третирање на површински рани.

РЕЦЕПТ ЗА БОЛНИ ЗГЛОБОВИ. Потребни состојки: 300-400 лук, исчистен и многу ситно исечкан и 1 литар нерафинирано маслиново или сончогледово масло.

Постапка: Лукот исчистете го и ситно исечкајте го. Ставете го во голема стаклена тегла и прелијте го со еден литар нерафинирано растително масло. затворете со капак и оставете ја теглата на темно место, на собна температура 14 дена (две седмици). не заборавајте секојдневно да ја протресувате теглата.

На крај ќе добиете лековито масло кое е потребно да се процеди низ 3-4 слојна газа или двапати низ ситна цедалка. Еве како се користи:

Втривајте го на болните места, на пример на долниот дел од грботвкај остеохондроза, болки во грбот или болни зглобови на рацете и нозете кај артроза. Се фиксира со најлонска кеса или проѕирна „стреч“ фолија, се затоплува и се остава да делува преку цела ноќ.

лук и лимон

Ја подобрува циркулацијата во болните зглобови, а со самото тоа помага во воспоставување на нивната функција. Терапијата трае два месеци секојдневна употреба без прекини. И секако, пред примена на било кој природен лек, претходно посоветувајте се со вашиот лекар.

Што претставува маслото од лук?

Научно именуван како Allium satvium, лукот е роднина на семејството кромид и една од најраспространетите состојки што се користат во светот. Богат со антифунгални, антибактериски и антивирусни квалитети, маслото од лукот претставува природно средство за лекување.

Содржи супстанција позната како алицин, а покрај високата содржина на сулфур, лукот содржи и селен, флавоноиди и амино киселина аргинин, што е еден вид на фитохемиско соединениние кои го произведуваат растенијата – кое исто така е навистина добро за вашето здравје.

Лукот може да се конзумира во разни форми меѓу кои е и маслото. За ова масло е докажано дека го намалува ризикот од развој на срцеви заболувања, дека го намалува високиот холестерол и кр-вниот притисок. Сепак, исто така може да се користи како лек за вашите секојдневни проблеми. Наведени се подолу 15 неверојатни здравствени придобивки од луковото масло.

Потребни состојки: 5 исчистени главици лук, маслиново масло, стаклена тегла

Постапка: Чешнињата исчистете ги и засечете ги на половина, ставете ги во стаклена тегличка и прелијте ги со маслиново масло. Оставете ја мешавината да отстои 24 часа во фрижидер, а потоа процедете.

Употреба: се пие трипати дневно по една лажичка пред оброк. Маслото врши вазодилатација, ги шири кр-вните садови и на тој начин го олеснува протокот на кр-вта и го намалува кр-вниот притисок. Ова се 15 неверојатни здравствени придобивки од луковото масло

Третирање на акни

Луковото масло делува како одличен лек за проблематична кожа. Лукот содржи алицин, селен, цинк, бакар и витамин Ц, кои се одлични за зголемување на здравјето на вашата кожа. Цинкот, особено, има способности да го регулира производството на себум, што е клучната причина за појава на акни.

Антивоспалителните својства на лук дополнително помагаат да се релаксира кожата. Измешајте неколку капки масло од лук со глина и аплицирајте на вашето лице. За 10 – 15 минути може да се случи чудо со вашата кожа.

Го зајакнува имунитетот

Бидејќи лукот е полн со антиоксиданти, дневната доза на маслото може да го зајакне вашиот имунолошки систем во голема мера. Хранливите материи, како што се витамини Б1, витамин Ц, витамин Б6, фосфор, железо и алицин, се токму тие кои го зголемуваат имунитетот и можат да се најдат во маслото од лук, а идеални се за подобрување и на целокупното здравје.

Олеснува забоболка

Магичниот состав на алицин не само што помага во минимизирање на забната болка и воспаление, туку исто така помага да се намали бактериската активност, и на тој начин да се спречи расипувањето на забите. Сè што треба да направите е да нанесете памучно топче натопено со луково масло на погодената област.

Спречува опаѓање на косата

Луковото масло содржи разновидни хранливи материи, како што се витамин Е, сулфур, витамин Б1, витамин Б6 и витамин Ц, кои помагаат да се промовира растот на косата и да се подобри нејзината текстура. Оние хранливи материи се истите кои помагаат во борбата против било која болест на скалпот. Едноставно нанесете луково масло врз скалпот и оставете го да делува преку ноќ. Исплакнете со благ шампон.

Го третира првутот

Ако првутот ви го загорчува животот, можеби треба да започнете да додавате луково масло во шампонот кој редовно го користат. Лукот има антифунгални својства кои се борат против инфекциите кои го овозможуваат развојот на првут. Ја смирува иритираната и воспалена кожа, со што се ослободува јадежот предизвикан од првут.

Борба против инфекции

Алицинот, активното соединение кое се наоѓа во маслото од лукот, има антимикробни својства кои помагаат во борбата против многу паразити, бактерии, вируси и габи како што се Candida albicans, Escherichia coli и Giardia lamblia, според една студија спроведена од The Journal of Microbes and Infections.

Третира метаболичко пореметување

Голем број луѓе користат луково масло за лекување на метаболички синдром, кој може да биде придружен со висок шеќер во кр-вта, дебелина, висок холестерол и висок кр-вен притисок. Антиоксидансите присутни во ова масло може директно да влијаат на овој синдром, олеснувајќи ги сите оние фактори на ризик и максимизирање на метаболичката активност.

Олеснува главоболки

Анегдотски докази потврдуваат дека примената на мали количества луково масло директно на тилот, или конзумирање на мала количина од ова масло може многу брзо да го олесни воспалението во капиларите и слепоочниците. Ова може да ја минимизира појавата на главоболки и мигрена.

Дијабетична контрола

Хипогликемичната природа на луковото масло може да помогне во регулирањето на потрошувачката на енергија и производството на инсулин од вашето тело. Ова масло е совршено за максимизирање на метаболичката активност, и на тој начин може да помогне да се спречат шо-кови и паѓање на гликозата од што патат бројни дијабетични пациенти.

Го одржува респираторното здравје

Вдишувањето на луково масло, исто како и конзумирањето лук, може брзо да ги ослободи носните канали и синусите. Освен тоа, маслото исто така може да ја олесни алергиската чувствителност, помагајќи да се намалат астматичните напади и блокирањето.

Спречува дебелеење

Луковото масло е одлично за забрзување на метаболизмот, што е еднакво на пасивното согорување на мастите, покрај можностите за намалување на холестеролот. Лукот исто така може да помогне да се потисне чувството на глад, додека сулфидните соединенија ви помагаат да се чувствувате сито подолго време, со што се намалува прекумерното јадење и каузално уживање во оброците.

Богато со антиоксиданси

Алицинот е еден од најмоќните антиоксиданти кој се наоѓа во изобилство во луковото масло. Ако се обидувате да го намалите оксидативниот стрес на вашето тело, да спречите предвремено стареење или да го заштитите вашето тело од растот на канцерогените клетки, тогаш користете луково масло.

Подобрува варење на храната

Луковото масло или сок може да биде извонредно решение за воспаление на цревата и запек, со оглед на неговата стимулирачка природа и висока антиоксидантна содржина. Тоа може да помогне во дигестијата и исто така да го стимулира перисталтичкото движење, а истовремено ја намалува можноста за различни гастроинтестинални карциноми.

Третира инфекции на увото

Луковото маслото е древен лек за зглобовите и инфекциите. Не само што ова масло се бори против бактериската активност предизвикувајќи инфекција, туку, исто така нуди и ослободување од болката предизвикана од инфекцијата. Сето ова е благодарение на антибактериските, антисептичните и антивирусните својства на лукот.

Сè што треба да направите е да измешате кокосово или маслиново масло со неколку капки масло од лук. Потоа, загрејте го на тивок оган и оставете го да излади. Натопете мало памучно топче во маслениот раствор и затоплено ставете во болното уво, па ставете одозгора затоплена крпа.

Третира надворешни рани

Благодарение на своите антиинфламаторни својства, луковото масло нуди одлична можност за лекување на рани. Со помош на натопена памучна крпа или газа, нанесете го маслото во погодените области за намалување на отоци и брзо ослободување од болката.

Напомена: ова моќно масло сепак треба да го земаат со претпазливот луѓе кои имаат низок кр-вен притисок и низок шеќер во кр-вта, чувствителна кожа и раздразливост.