Ова е важна причина зошто треба дома да си имате кактус алое вера

Алое вера е многу корисна билка и затоа е препорачливо да си ја имаме дома. Ќе ви наведеме неколку причини зошто треба да ја одгледувате.

Оваа билка помага при изгореници настанати од делувањето на сонцето. Покрај тоа, оваа билка, поточно нејзиниот гел, помага при разни кожни проблеми. Може да се третираат акни и ја намалува видливоста на брчките. Се препорачува и при убоди од инсекти. Ако сте алергични од убод на инсекти или забележите дека нешто не е во ред, одете на лекар бидејќи убодот од инсекти може да биде опасен.

Оваа билка помага и при артритис, опстипација (делува како лаксатив), ждригавица. Иако е корисна, сепак треба да знаете како се користи. Познавачите велат дека не треба да ја користат лица кои користат лекови за дијабетес, бремени жени (или оние што планираат да забременат) или доколку имате нервозни црева (проблеми со дигестивниот тракт).

Сокот од алое вера се консумира во мали количини, дозирано еднаш или два-три пати во текот на денот. Не се нанесува на хируршки рани. Освен што е лековита, дава преубав изглед на просторијата во која се наоѓа, а многу е лесна за одржување.

Како и сите други кактуси, не е потребна преголема нега околу полевањето. Го прочистува воздухот и дава пријатен мирис. Секој може да засади алое вера: потребни ви се само саксија и малку земја со добра дренажа.

Маст од алое вера се користи за: изгореници, псоријаза, акни, хемороиди, проширени вени. Сокот е погоден за луѓе со зголемен шеќер во крвта, артритис и чир на желудникот.

ГЕЛ ЗА ИЗГОРЕНИЦИ

Потребни состојки: ¼ чаша свежо алое, 1 прстофат лимонска киселина (во делот за конзервирање, ако не го користите веднаш), 1/2 лажичка витамин Е масло, 1 лажица полна масло од кокос

Постапка: Извадете ја лековитата состојка од алое лисјата. Најлесниот начин за ова е со пресекување на листот од горе до долу само отстранувајќи еден горниот, заштитен слој на листот.

Користете лажица за да го извадите гелот од растението (ако го оставите една минута, ќе можете да исцедите дополнителен сок од растението, кое е жално да не се искорити до крај).

Во блендер ставете ги сите состојки. Блендајте додека сите состојки не се соеднинат во течна смеса. Лимонската киселина и витаминот Е делуваат како конзерванси, па затоа лимонската киселина е опциона. Ставете ја смесата во мал (добро затворен) сад во фрижидер и оставете ја најмалку еден месец.

Овој гел е одличен за изгореници. Може да се користи и како дел од други рецепти со алое вера. Алое вера е билката која се користи ширум светот за лекување на многу тешки и сериозни болести како што е ракот.

Оваа лековита билка потекнува од Северна Африка, а со изгледот потсетува на кактус и во себе содржи доста вода. Богата е со витамини и минерали, особено со витамин Ц, Е и цинк. Има антибактериско дејство, па поради тоа, успешно спречува развој на голем број инфекции.

На порталот на НМД честопати читателите прашуваат кое алое е лековито. Постојат многу видови на алое, но само неколку видови се лековити. Најмоќни и најлековити се Aloe arborescens (krantz aloe, candelabra aloe) и Алое вера/Aloe vera. Алое Пери/Aloe perryi и алое Ферокс/Aloe ferox имаат лековити својства, но не се толку силни и ефикасни како Алое вера. Овој вид алое е познат и како Кејп алое/Cape aloe, алое Барбадос/Barbados aloe и алое Куракао/Curacao aloe (побарајте ги на Гугл за да видите како изгледаат).

Алоето во Русија е познато како “Еликсир на младоста”, додека старите Египќани ја нарекувале билка на бесмртноста. Во некои краишта ја нарекуваат уште и “кралица на лековитите билки”. Според уникатните лековити моќи била добро позната и користена во кинската традиционална медицина.

Алоето, несомнено се смета за најлековитата билка на планетата. Таа е надалеку позната по тоа дека има големо влијание врз здравјето, а истовремено се коирсти и во козметичката индустрија.

Врз неа се спроведени многу научни истражувања, но досега не се целосно објаснети чудата кои лежат во оваа билка и на кој начин со нејзина помош многумина успеваат да се излекуваат од најтешките болести. Постои верување дека Алое вера е билката која ја користела Клеопатра за разубавување и здравје на кожата.

Алоето започнало масовно да се користи во Америка најпрво како лаксатив, а подоцна биле откриени нејзините лековити својства за лекување на изгореници, посекотини, убоди, последици од зрачење, за нега на кожа и тело, како и за други дерматолошки проблеми.

Поради нејзината голема способност да ги ублажува болките и да ја регенерира кожата, алоето масовно се користело за лекување на жртвите од атомските бомби после Втората светска војна.

Денес пак, се користи за лекување на бројни болести, започнувајќи од наједноставни алергии и кожни инфекции, па се до сериозни болести како што се астма, бронхитис, дијабетес, рак (особено рак на кожа), сида и слично.

Со помош на билката успешно се лекува анемија, хепатитис, висок холестерол во крвта, несоница, депресија, како и последици од хемотерапија и радиотерапија. На нашиот портал Nmd.mk можете да пронајдете многу рецепти за приготвување на лекови со алое за лекување на различни болести.

Во комбинација со разно овошје, алоето е закрепнувачки природен напиток богат со минерали и витамини. Денес за лекување на разни болести најмногу се користи алое вера гелот.

Алое вера гел – Се добива од внатрешноста на листот на алоето. Може да се пие или да се користи за надворешна употреба, а помага за лекување на: Метаболичко пореметување, воспалителни процеси, разни вируси, бактерии, габички, за јакнење на имунитетот.

Исто така, алое вера гелот ја поттикнува работата на внатрешните органи: Црн дроб, срце, бубрези, жолчно кесе. Ја регулира работата на нервниот систем и помага за одвикнување од алкохол и пушење.

Како средство за локална употрена корисен е за лекување на кожни заболувања, болки во зглобови, конјуктивитис, мрена, за нега на уста и заби, против акни и првут и уште многу друго. Ова се најлековитите рецепти со алое кои можат живот да спасат – прочитајте ги ОВДЕ.

Претходна статијаКифли меки како душа, а лесни како пердув – толку се добри и вкусни, што морав да ги споделам
Следна статијаДенес е Света Варвара – Ден кога се вари ова традиционално јадење