Ова е тајната за негувана и затегната кожа: маска со желатин против брчки

Оние што сакаат да имаат убаво и секогаш свежо лице, козметичарите ширум светот им препорачуваат да користат маска со желатин. Ако редовно го спроведувате овој третман, вашата кожа за многу краток период ќе стане чиста, мазна и затегната.

Желатинот го пополнува дефицитот на колаген во кожата кој се јавува со текот на годините. Ги елиминира ситните брчки, ја избелува кожата, ја прави свиленкаста и ја зголемува циркуацијата, а со тоа и нејзината исхранетост.

Како помошна состојка, често се користи во козметичките салони, за подигање и затегнување на образите и подбрадокот, а исто така, се додава и во шампоните. Се прават маски за коса со ефект за волумен и сочувување на здраво и еластично влакно, или пак, се додава во средствата за јакнење на ноктите.

Loading...

Главната предност на желатинските маски е во тоа што за разлика од другите колагенски средства, молекулите на желатинот се многу мали и со леснотија продираат во кожата.

Овој рецепт го испробаа и го потврдија голем број жени.

Потребни состојки:

4 супени лажици вода

1 кафено лажиче желатин

2 кафени лажички изгмечена банана

Постапка:

Измешајте ја водата со желатинот, оставете 10-тина минути да набубри. Потоа додадете пире од банана и промешајте. Бананата служи како извор на витамини и хранливи материи, нежно ја храни кожата правејќи ја еластична и здрава.

Како се применува:

Маската се нанесува во рамномерен тенок слој на исчестено лице, одбегнувајќи го пределот околу очите и устата. Откако ќе ја нанесете маската, опуштете ги мускулите на лицето. Оставете да делува 20 минути. Се мие со топла вода, со масирачки движења.

Маската можете да ја применувате 2-3 пати седмично. Наското ќе забележите позитивен резултат на вашето лице во вид на неговата, чиста и порцеланска кожа.

Loading...