Кремасти МАК КОЦКИ – преубав колач

Потребни состојки за бела кора:

3 белки

3 лажици шеќер

3 лажици брашно

2 лажици масло

Потребни состојки за МАК кора:

3 белки

3 лажици шеќер

5 лажици немелен мак

2 лажици брашно

За крем:

500 мл млеко

1 пудинг од ванила

6 жолчки

7 лажици шеќер

200 г путер/маргарин

малку екстракт од ментол

За декорација:

1 шлаг крем од ванила

150 мл млеко

Постапка:

Испечете една бела кора и две кори со мак, во тепсија со величина 20х27 см на 200 степени околу 10 минути.

Изматете ги жолчките со шеќер, додадете пудинг и сварете во млеко на умерен оган, па кога ќе излади додадете изматен путер со екстракт од ментол.

Се реди: мак кора – фил – бела кора – фил – мак кора – шлаг

coolinarika.com

Претходна статијаОва е тајната за негувана и затегната кожа: маска со желатин против брчки
Следна статијаСветски хит: колач од само три состојки