Како што би рекле сите жени во светот: „Кога ќе ти кажам два центимерти, тогаш сечи ДВА ЦЕНТИМЕТРИ!…

 

На психијатрите многу добро им е позната оваа фобија која се развива уште во детството и тоа главно поради лошите искуства. Имено, тонзурофобија е страв е од шишање!

Иако повеќето луѓе сакаат да одат во салон и да ја стилизираат својата фризура, постојат и такви луѓе кои апсолутно ја презираат и самата помисла на тоа да седнат некому „под ножици“.

Фобијата се развива уште од „мали нозе“, најчесто затоа што повеќето деца имаат лошо искуство со првото шишање, па станува збор за многу реален и искрен страв кој бара многу разбирање. Исто така, важно е да им се помогне на децата да се ослободат од стравот што порано, бидејќи оваа фобија може да влијае и врз самодовербата во текот на растењето.

 

СИМПТОМИ НА ТОНЗУРОФОБИЈА

-Ако некој на самата помисла за шишање се расплаче, тресе, трепери или вреска – јасно е дека пати од оваа фобија. Она што започнува како блага анксиозност лесно се развива во целосен паничен напад, па детето одбива да седи мирно и често мора да биде врзано во текот на шишањето, за да не дојде до повреда.

-Некои момчиња пуштаат коса само за да не одат на фризер. Тоа често доведува да станат предмет на потсмев и да ги нарекуваат девојчиња.

-Жените кои патат од тонзурофобија одат од крајност во крајност, па се мачат со сечкање на испуканите врвови или ја бричат косата за да се растеретат од често одење на фризер.

-менталните или емотивните симптоми на овој страв одат дури дотаму што некои поединци „се гледаат себеси како умираат“ или постојано размислуваат за тоа дека фризерот ќе ги повреди со ножиците или бричот.

 

КАКО СЕ ЛЕКУВА ТОНЗУРОФОБИЈАТА?

Ова се многу важни упатства за родителите кои забележуваат дека своето дете се развива страв од фризер, па мора да му се посветат и да му помогнат да ја надмине фобијата.

-Чешлајте му ја косата на детето неколкупати дневно, со мека четка и многу нежно.

-Привикнете го на чувството на влажност на лицето и косата – со пливање, често миење, често перење на косата.

-Разговарајте со детето за секој чекор од процесот на кратење на косата и објаснете му зошто треба редовно да оди на фризер.

-Побарајте на Интернет видео снимки од деца кои се шишаат.

-Покажете му ги сите можни „алатки“ кои фризирет би можел да ги има и користи при шишањето.

-Однесете го детето во блискиот салон неколкупати, само за да се запознае и да си игра со фризерите. Кога ќе се спијатели, полесно ќе му биде да го надмине стравот и да седне „под ножици“.

Она што е најважно е родителите да останат мирни. Важно е да го сфатите стравот на вашето дете и во ниеден момент да не покажете дека сте лути. Сфатете дека тоа е нормално и со мали чекори влевајте му храброст на своето дете.