Мимоза салата – пишан и видео рецепт. Преубава салата од зеленчук, мајонез, јајца и кисели краставички. Филувана во проѕирен сад изгледа многу декоративно а може да се приготви во неколку помали садови или еден поголем.

Потребни состојки: 4 компири со средна величина, 400-500 г морков, 6-7 кисели краставички, 6 јајца, 1 главица виолетов кромид (може и црвен, праз или младо кромитче), 200 г кашкавал, 300 г салама по избор, 300 г мајонез, 100 г кисела павлака, 1 лажичка сол, црн пипер и китка магдонос (може и зелена салата)

Постапка: Компирот сварете неизлупен, па затоа претходно добро измијте го под силен млаз ладна вода. Морковот излупете го, па посебно сварете го. Внимавајте да не го преварите. Јајцата е потребно трвдо да се сварат.

Во посебен сад измешајте мајонез и кисела павлака, па посолете и зачинете со црн пипер по ваш вкус. Белките одвојте ги жолчките кога јајцата ќе бидат убаво сварени. Сите состојки освен кромидот треба да се изреднаат.

На дното од стаклен сад во кој ќе се сервира салатата, ставете исечкан лист или салата, па изреднајте го компирот. Врз компирот нанесете тенок слој од приготвениот премаз (мајонез и кисела павлака).

Потоа изрендајте го морковот, па и врз него нанесете тенок слој од премазот. Следува рендана салама и тенок слој премаз.

После саламата следи рендан кашкавал и тенок слој премаз, па ситно сечкан кромид, премаз, рендани белки од јајца, премаз, кисели краставички, премаз.

Најпосле завршете со рендани жолчки од ситната страна на рендето. Украсете по желба. Деталите од постапката можете да ги погледнете во видеото: