Ова е највкусното нешто што сум го јадела во последно време…ВИТКАНА ПИЦА…Прсти да излижеш…Секој може да ја направи…Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

За тесто:
1 лажица шеќер 20 г
1 лажица сув квасец 10 г
1 лажичка сол 8 г
2.5 чаши топла вода 500 мл
60 мл масло
7 чаши брашно 840 г

За фил:
2 супени лажици доматна паста 80 г
100 г рендан кашкавал / чедар
магдонос
20 г путер
50 мл масло

ПОСТАПКА:

1. Сите состојки помешајте ги во подлабок сад и со постепено додавање на брашното замесете меко тесто кое не се лепи за рака. Оставете го покриено во намастен сад за да ферментира 30 минути или додека го удвои волуменот.

2.Стасаното тесто нежно премесете го на малку набрашнета површина и поделете го на 6 топчиња. Покријте ги и оставете ги да одморат 10 минути.

3.Со помош на оклагија развлечете кора со правоаголна форма и премачкјате ја со доматна паста.

4.Одозгора посипете рендан кашкавал и ситно сечкан магдонос, па внимателно свиткајте ролат.

5.Ролатот исечете го надолжно на половина. Едната половина свртете ја со пресечениот дел надолу, а горниот дел (тестото) премачкјате го со путер.

Одозгора поставете ја втората половина, но со пресечениот дел да гледа нагоре. Пртиснете со рака за да се залепат.

6.Свиткајте спирално и наредете во плех обложен со хартија за печење. Повторете ја постапката со преостанатите теста.

7.Покријте ја питата со кеса и оставете да одмори 10-15 минути или додека да се загрее рерната на 180 степени. За тоа време малку ќе го зголеми волуменот.

8.Исечете ја на помали парчиња (секоја лента на 4) и ставете да се пече на 180 степени 25-30 минути. Постапката погледнете ја ОВДЕ.

https://youtu.be/d4gSWYMpcKI?si=YX1mAiO1QZgObZB3