Ова дефинитивно е највкусната варијанта на тема Манчмелоу

Потребни состојки за кора:

5 жолчки

240 г шеќер

3 лажици какао

Loading...

150 мл масло

200 г брашно

1 прашок за печиво

1 ванилин шеќер

250 мл млеко

За крем:

6 белки

10 лажици шеќер

1 ванилин шеќер

Прстофат сол

2 полни лажици густин

И уште:

300 мл слатка павлака за шлаг

160 г чоколадо за готвење

Постапка:

1.Добро изматете ги белките со шеќерот, па додадете масло, какао и брашно помешано со прашок за печиво.

Добро изматете, па додадете млеко постојано миксајќи. Смесата истурете ја во намастен и набрашнет плех. Печете на 200 степени околу 25 минути.

2.Изматете ги белките со прстофат сол, па постепено додавајте шеќер. Добро изматете, околу 10 минути. Потоа во снегот додадете густин.

Токму густинот е тајната состојка, бидејќи со негова помош кремот нема да “падне”. 

3.Измиксајте па истурете преку врелиот, печен бисквит. Вратете во рерна уште 2-3 минути, па извадете и одозгора полијте со глазура: загрејте ја хоплата, тргнете од оган, па додека е топла ставете го искршеното чоколадо и мешајте да се растопи и соедини.

coolinarika.com

Loading...