Болоњезе сос: оригинален рецепт од еден италијански ресторан

Многу вкусен сос!

Потребни состојки:

250 г мелено јунешко месо
250 г мелено свинско месо
100 г сланина
50 г концентрат од доматен сос
50 г путер
3 лажици маслиново масло
1 чаша млеко
1 чаша црно вино
1 морков
1 црвен кромид
1 гранче целер
1 говедска коцка
300 мл вода
сол и црн пипер по вкус

Постапка:

Загрејте на среден оган путер и маслиново масло, па додадете ситно сечкан морков. Динстајте 5-10 минути додека да омекне.

Додадете ситно сечкан кромид и целер, па поклопете да се динста додека да омекнат и кромидот да стане стаклест.

За тоа време ситно исечкајте ја сланината и додадете ја да се динста.

Исто така, додадете го мешаното мелено месо. Оставете да се динста околу 30 минути. Додадете чаша црно вино и оставете да испари.

Додадете го доматниот сос, сол и црн пипер и малку растопена говедска супа (од 1 говедска коцка и 300 мл вода).

Гответе околу 1,5 час до 2 и полека додавајте ја говетската супа.

На крај додадете чаша млеко.

Според оригиналниот рецепт се додава млеко, но многумина не го користат. Може да додадете слатка павлака за тестенини или да оставите така.

Добро промешајте и доколку е потребно додадете уште малку сол и црн пипер.

Гответе уште 5 минути.

Loading...