Непријатно чувство во стапалата и потколеницата, па дури и б олка, отечени стапала особено во пределот на скочниот зглоб, чувство на тежина и слично, може да бидат симптоми на болест, наведе д-р Жарко Радовиќ.




Што предизвикува оток на нозете и кога тој симптом е причина за загриженост, бидејќи може да биде знак за посериозна болест?

Физијатарот д-р Жарко Радовиќ објасни дека стапалата се важен одраз на нашето здравје и дека б олката, пецкањето или „крофнеста“ отеченост можат да бидат знаци на разни болести.




„Стапалата се многу специфични, содржат голем број на мускули, повеќе од 120 и повеќе од 30 зглобови. Тие трпат голем товар при одењето, особено при качувањето по скали и можат да предизвикаат големи проблеми.

Најчести се б олка или вкочанетост, пецкање, непријатност … Отекуваат нозете, и токму поради тоа, оваа појава претставува голем товар, бидејќи во нив се акумулира вода. Ова се симптоми што го оневозможуваат нормалното одење“, објасни тој.




Кога нозете се надуени „како крофни“, што може да значи тоа?

„Тие често укажува на висок крвен притисок или заболување на бубрезите, бидејќи се акумулираат течности. Кога ќе облечете чорапи и ќе почувствувате дека ве стегаат, а кога ќе ги соблечете остануваат траги од ластикот, тоа е знак дека имате проблем.




Пациентите си мислат дека воопшто немаат проблем освен оној со стапалата, а тоа некогаш може да биде и знак за дијабетес. Дијабетесот може да биде причина за отеченост“, објасни д-р Радовиќ.

Дали е ова проблем што ги погодува само постарите лица?

„Тоа им се случува и на помладите, постарите се само поподложни на осификација, добиваат спондилоза која предизвикува б олка. Трпнењето всушност може да доаѓа од ‘рбетот, па пациентите талкаат барајќи дијагноза.




Долниот дел на грбот ги инервира стапалата, што значи дека доаѓа до пареза на нервите и тогаш доаѓа до нарушен од. Исто така постојат и деформитети на стапалата во палечниот зглоб кој претрпува искривување познато како халукс валгус.




Овој деформитет е почест кај жените и може да биде наследен. Како превентивна мерка се користат некои силиконски сепаратори, но главно не постои лек за овој проблем, односно лековите не даваат ефект, па мора да се оди на опера-ција“, објасни лекарот.




Изборот на обувки е „критичен“ за жените, бидејќи може да доведе до компликации. Таканаречениот „петен трн“ е многу карактеристичен, а понекогаш е причинет од тесни и несоодветни обувки, високи потпетици …

Кога постои висок свод, стапалото претрпува големо оптеретување, па доаѓа до помали трауми и руптура. Кога велиме руптура, мислиме на делумно напрснување, доаѓа до акумулација на калциумот и тогаш доаѓа до проблем. Се препознава по утринската б олка, а некогаш доаѓа и до неможност за одење наутро“, додаде тој.




КОИ ВЕЖБИ ПОМАГААТ КАЈ ОТЕЧЕНИ СТАПАЛА?

„Ние секогаш ги советуваме пациентите да пешачат и да трчаат што повеќе, но некогаш и тоа може да биде причина за проблем. И од премногу тренинг, од преголемо напрегање им се случуваат проблеми на спортистите.

Треба да се прават вежби за истегање, но не смее да се претерува, зошто многу лесно може и овде да направите проблем. Ова е најдоброто решение за проблем со стапалата: земете едно тениско топче, ставете го на под, стапнете го со стапалото и правете кружни движења.




Целото стапало на овој начин ќе се истегне. Три до пет минути дневно се сосем доволни за да ги опуштите мускулите на нозете“, објасни докторот. Кога се отечени нозете, се советува нивно подигнување над нивото на срцето, бидејќи тогаш е загрозена периферната циркулација и потребно е да се растерети тежината од стапалата и потколениците, пишува НМД.мк




„Пациентите велат дека чувствуваат тежина во нозете и дека стапалата ги чувствуваат како многу тешки. Па затоа, секогаш се советува да ги кревате нозете веднаш штом ќе се вратите дома од работа, за да се намали едемот, односно отокот. Ако нозете ви отекуваат за време на некое долго патување, движете го стапалото напред – назад“, објасни тој.

Деформитетите кај децата се чести, рамното стапало е многу честа појава и може да предизвика лоша симетрија на телото.

„Сколиозата, кифозата, б олката во долниот дел на грбот можат да бидат компликации, а сето тоа се третира со вежбање. Одете боди колку што можете повеќе, а ова е особено важно за децата, но и за возрасните. Ако одиме по песок или груба површина, и ако носиме анатомски влошки, тогаш ќе го намалиме оптоварувањето“ објасни докторот.