Рецепт и видео презентација на Том Филос. Прекрасна пита од ориз, вкусна и заситна која ќе ги задоволи сите ваши сетила. Питата е приготвена според оригинален италијански рецепт во презентација на познатиот готвач Том Филос.

Потребни состојки: 1 литар вода, 2 коцки за супа, 1 лажичка сол или по вкус, 1 лажичка црн пипер, 1 лажица куркума, 400 г ориз, 100 г путер, 500 г кашкавал, 400 г кисела павлака и ½ китка свеж магдонос (околу една рака или по вкус)

Постапка: Во тенџере на оган ставете еден литар вода и додадете две коцки за супа. Посолете и запиперете по вкус. Во смесата додадете и полна супена лажица куркума. Промешајте за да се изедначи и да се растопат коцките супа, па кога ќе зоврие течноста додадете 400 г ориз. Додадете и 100 г путер.

Гответе на умерен оган со постојано мешање додека оризот да ја впие течноста, а потоа тргнете на страна и мешајте уште малку додека да подизлади.

Во оризот додадете околу 350 г рендан кашкавал, 400 г кисела павлака и ситно сечкан магдонос по желба. Смесата убаво промешајте ја додека да се изедначи. Плех со средна величина (30х22 см) добро намастете го со путер, па во него излејте ја приготвената смеса со ориз.

Одозгора наросете го остатокот (150 г) рендан кашкавал и ставете да се пече во добро загреана рерна на 230 степени околу 20 минути, односно додека да фати коричка. Целата постапка можете да ја погледнете во видеото: