Оригиналот на овој рецепт не е познат, бидејќи денес може да се најдат и прочитаат голем број негови варијации. Меѓутоа луѓето го испробуваат и го прилагодуваат според својот вкус и потребите, но она што е најважно, е дека навистина делува и многу е ефикасен.

Основна состојка за приготвување на овој моќен напиток е зелениот чај кој најдобро е да се користи во прав, меѓутоа ако не можете да најдете ваков, ќе помогнат и филтер кесички. Освен зелен чај ќе ви бидат потребни и цимет и ловоров лист (може сув или свеж).

Чајот има својство да ги исфрла вишокот течности и соли од организмот, врши де-то-кс, го јакне имунитетот, ја намалува потребата за слатко, го освежува и регенерира целиот организам, со што дополнително го мотивира поединецот што сака да ја намали телесната тежина.

Она што е најдобро од сè, чајот поттикнува намалување на масното ткиво и телесната тежина од местата на кои најмногу ви пречи. Комбинацијата од овие три состојки го забрзува метаболизмот, а за една недела редовно користење може да се намали видливоста на целулитот и да се намали до 8 см во обемот на половината.

Нормално, резултатите зависат од тоа колку ќе се придружавте до препораките и колку ќе бидете упорни, но исто така, зависи и од по-лот, возраста, физичката активност и начинот на исхрана. Овој чај се пие две до три седмици, по што се прави пауза од најмалку една седмица.

Потребни состојки: 800 мл вода, 2-3 стапчиња цимет (или 2-3 лажици во прав), 3-5 ловорови листови и 1 рамна супена лажица зелен чај или 3 филтер кесички

Постапка: водата ставете ја на оган, па откако ќе се зоврие додајте го циметот и ловоровиот лист. Тргнете го садот од оган и оставете го да се лади поклопен. После 5-7 минути додајте го зелениот чај и оставете поклопено да отстои уште 7 минути.

Потоа процедете го и чајот е подготвен за пиење. Се препорачува целата количина да се испие во еден ден, распределена на трипати. Првата шолја чај треба да се испие наутро, на гладен стомак. Втората шолја чај треба да се испие после појадокот, а третата шолја чај се пие навечер пред спиење.

Овој чај го испроба Мартин Најдовски од Велес кој со свој прилагоден рецепт, успеа да намали дури дваесет вишок килограми па со читателите го сподели своето искуство кое можете да го прочитате во продолжение на текстот.

Мартин е познавач на билките и веќе повеќе години се занимава со проучување на природната медицина. За читателите на НМД, тој го откри рецептот за подготовка на чајот кој лично го испробал врз себе и со чија помош намалил 20 килограми.

Тој напоменува дека овој напиток не делува како со вол- ше-бно стапче, меѓутоа доколку се внимава на исхраната и се зголеми физичката активност, значително го забрзува метаболизмот и овозможува топење на масните наслаги. Потребно е да се јаде лесна и свежа храна и секојдневно да се спроведе барем 20 минути некоја физичка активност.

Мартин има и своја страница „Лилма”, на која луѓето секојдневно му се обраќаат и го прашуваат во врска со билките. „Многу луѓе ми се јавуваат и ме прашуваат за лекови и билки кои можат да помогнат за намалување на вишокот килограми..

Јас лично пред 4 години направив еден многу добар рецепт кој ми помогна многу, а и на доста луѓе кои го употребиле. За само 2 месеца јас намалив 20 килограми телесна тежина. Но, и покрај чајот треба да се внимава на исхраната и да се прак-тикува секојдневна физичка активност”, вели Најдовски.

Лек за регулирање на телесната тежина – Потребни состојки: 500 мл вода, 1 супена лажица магдонос свеж, 1 супена лажица зелен чај, 6 ловорови листови, 1 стапче цимет, 1 прстофат ѓумбир во прав и 1 лимон

Постапка: Се подготвува чај. Во сад се вари 500 мл вода и откако ќе зоврие се става: една супена лажица магдонос свеж (ако имате низок притисок, тогаш магдоносот изоставете го, бидејќи магдоносот е диуретик и го спушта притисокот). Се додава една супена лажица зелен чај и шест ловорови листови.

Се додава и едно стапче цимет (најдобро се покажал цејлонскиот чии стапчиња се поотворени од обичниот), доколку вишокот телесна маса е резултат на консумирање на слатки и благо, во тој случај, циметот ги регулира шеќерите и притисокот (ова е по потреба, доколку сакате).

Сите овие билки се ставаат во водата и стојат 20-тина минути, а садот се поклопува со капак за да не испарат етеричните масла. Потоа, во оваа смеса се додава на врвот од лажичето ѓумбир во прав и кога сосем ќе се излади може да се додаде и свежо исцеден сок од еден лимон.

Се процедува и се пие по една шолја наутро и навечер. После 7 дена секојдневна употреба се прави пауза од 2-3 дена, па се повторува со истиот редослед (7 дена се пие по што се прави 2-3 дена пауза)“, објасни Мартин за читателите на НМД.мк